Достапни линкови

Нема политички азил врз економска основа


Белгискиот премиер Латерм
Белгискиот премиер Латерм

Премиерот на Белгија Ив Летрм во еднодневна посета на Македонија. Во Скопје тој се сретна со премиерот Никола Груевски. Во фокусот на неговата агенда беше напливот на азиланти од Македонија во Белгија.


„Шансите за добивање политички азил врз економска основа не постојат, изјави премиерот на Белгија, Ив Летерм во Скопје по средбата доцна вечерта во понеделник со својот македонски колега, премиерот Никола Груевски.

Според белгискиот премиер, информациите кои што се шират за белгиската емиграциона политика се целосно неточни и затоа нема никаква смисла да се патува од Македонија во Белгија за да се бара статус на политички бегалец.
Тој од премиерот Груевски бил информиран за мерките за спречување на оваа појава, вклучувајки го и формирањето на Комитетот за следење на состојбата, засилената медиумска кампања, како и напорите за подобрување на целокупната економска состојба. Груевски изјави и дека МВР започна проверки за евентуалната вмешаност на туристички агенции и поединци кои ги доведуваат граѓаните во заблуда заради лична финанскиска корист.

Директен повод за посетата на Летерм на Скопје беше зголемениот број на барања за азил на македонски граѓани во Белгија по укинувањето на шенген визите. За последните два месеци, околу 400 граѓани побарале политички азил од белгиските власти. Тие веќе најавија дека од 10-ти март ќе започнат со нивно организирано враќање во земјава.
Белгискиот премиер поради временските услови, наместо на скопскиот аеродром „Александар Велики“, слета на солунскиот аеродром

Со Латерм, во Македонија доаѓа и државниот секретар за азил и имиграција Мелкиор Ватле, кој според најавите, ќе го посети липковскиот регион, од каде што има најмногу баратели на азил во Белгија. Градоначалникот на општина Липково Садула Дураку вели
Ние ќе разговараме со државниот секретар од Белгија и се надеваме дека ќе имаме поддршка во инвестирање во инфраструктура во општината Липково
дека е предвидено утре да се сретне со државниот секретар Ватле. Дураку вели дека граѓаните од неговата општина побарале азил во Белгија од економски причини. Во Липково ништо не е инвестирано со децении, вели Дураку.

„Во општината Липково е потребно да инвестира и државата и од странство. Ние ќе разговараме со државниот секретар од Белгија и се надеваме дека ќе имаме поддршка во инвестирање во инфраструктура во општината Липково.“

Дураку не очекува негативни последици ниту за жителите на липковскиот крај, ниту за граѓаните на Македонија воопшто. По зголемениот број баратели на азил од Македонија се појавија шпекулации дека е можно, Европската унија да ја укине визната либерализација за македонските граѓани. Доскорешниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Биоцевски вели дека белгиските власти ќе бараат уверување дека Македонија го препознава проблемот и дека ќе преземе конкретни чекори за да го спречи.
Овој проблем е создаден од поединци, коишто на сметката на измачените граѓани се обидуваат да направат профит. И токму од тие причини лесно може да му се стави крај на овој проблем


„Овој проблем е создаден од поединци, коишто на сметката на измачените граѓани се обидуваат да направат профит. И токму од тие причини лесно може да му се стави крај на овој проблем.“

Тој вели дека степенот на толеранција на нус-појавите од проширувањето кај членките на Европската унија е сведен на минимум.

„Тоа само ќе ги зголеми пречките кои стојат меѓу Република Македонија и нејзиното целосно интегрирање во ЕУ.“

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, пак, вели дека она што Македонија може да го направи е да ги информира граѓаните што значи визната либерализација. Тој вели дека ваквата појава не е страшна и дека можела да се очекува. Тој вели дека визната либерализација нема да биде укината поради неколку стотини баратели на азил.

„Најстрашното што може да се случи е европските држави на влезот во Шенген зоната да го применуваат дискреционото право и на одредени групи граѓани, во случајов граѓаните од албанска и ромската заедница од Македонија при идентификацијата да им го оспорат влезот како луѓе кои се ризични.“

Белгија ќе го преземе претседавањето на Европската унија од Шпанија на почетокот на јули.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG