Достапни линкови

Милиони гласаа и покрај теророт


Ирак избори
Ирак избори

И покрај терористичките напади на изборите во Ирак има голем одзив. Милиони луѓе излегоа да гласаат на парламентарните избори во земјата, во која на денот на изборите загинаа речиси 40 луѓе ,а беа ранети над 60 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи. За многумина токму гласањето е одговор на насилството.

Со бомби , пукање и викотници започна ирачкиот изборен ден. Новинските агенции постојано јавуваа за бомбашки напади на избирачки места и полициски станици. Излезноста на ирачаните и покрај насилството е голема. Еден ирачанец изјави дека токму со тоа што излегол да гласа им се спротивставува на тероритите.

„Слушнавме многу експлозии. Но не можат да не уплашат. Ние сме луѓе од верба и ќе гласаме без разлика каква порака сакаат да ни упатат терористите“.

По бомбашкиот напад во Багдад во кој загинаа 24 лица


Некои токму пак во насилството најдоа причина да излезат и да гласаат.

„Јас излегов да гласам затоа што го ми го зедоа синот. Ова е мојата компезација, ако го изгубив синот не значи дека го изгубив и правото на глас“.

Најмалку 38 загинати и над 60 - тина ранети е билансот од денешните терористички напади во Ирак. Министертвото за внатрешни работи соопшти дека најголемиот делод ракетните проектили биле истрелани од Сунитските области во градот. Ирачкиот претседател Јалач Талабани ги повика сограѓаните масовно да излезат на изборите.


Инаку на вторите парламентарни избори во Ирак по отфрлањето на диктатурата на Садам Хусеин се пријавија околу 6 000 кандидати од над 80 политички партии. Тие се натпреваруваа за 325 партенички места. Меѓу кандидатите има и 1800 жени а 8 пратенички места се резервирани за малцинствата.Право на глас имаат 19 милиони луѓе. На изборните ливчиња доминираат кандидати од Шиитските исламистички партии кои се на власт по падот на режимот на Садам Хусеин.Поранешниот премиер, кој е на чело на листата на граѓанската опозициска коалиција Иракиа Ијад Алави изјави дека до сега забележал неколку прекршувања на изборните правила.Локалните и меѓународните набљудувачи соопштија дека до сега не се пријавни некои поголеми нерегуларности и груби прекршувања на демократските стандарди.

Избори во Ирак
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG