Достапни линкови

Владата повторно ги продава државните фирми


Владата годинава повторно ќе се обиде да ги продаде на тендер четирите фирми во државна сопственост: Охис, Емо, Еурокомпозит и прилепскиот Тутунски комбинат. Државната четворка неколку пати досега се нудеше на продажба но и покрај тоа што имаше интерес од одделни компании, не се најде инвеститор.

Упатените сметаат дека потенцијалните инвеститори би имале повеќе корист доколку пренаменат дел од овие капацитети, а дел од управителите на овие државни фирми велат дека се` уште не е погоден момент за продажба. Екс министерот за финансии Џевдет
Тие требаше одамна да се продадат, но нивните локации се толку атрактивни за други бизниси, додека не најдат потенцијални партнери за да можат луѓето на власт да извлечат корист тие така ќе седат.
Хајредини вели дека власта ќе избере инвеститор за овие компании кога и самата ќе има корист од инвестицијата.

„Тие требаше одамна да се продадат, но нивните локации се толку атрактивни за други бизниси, додека не најдат потенцијални партнери за да можат луѓето на власт да извлечат корист тие така ќе седат.“

Во последните неколку посети на наши делегации во странство, четирите компании се презентираа како потенцијални инвестиции. Последно државната четворка беше спомената при официјалната посета на премиерот Груевски во Чешка, а лани фирмите им се презентираа и како потенцијални инвестиции на израелците. И додека од министерството за економија го најавуваат четвртиот обид за тендерска продажба на овие капацитети, од дел од фирмите велат дека се уште не се подготвени.

Директорот на прилепски „Еурокомпозит“ Никола Лучески вели дека фирмата секако треба да се продаде, но за тоа да се случи потребни се дополнителни подготовки.
Да ја накитиме невестата, за да може да се продаде поуспешно

„Малку е побрзо, забрзана продажбата, не дека не е потребна, потребен е свеж капитал, идеи, нов пазар итн. Но, сеуште е прерането.“

На „Еурокомпозит“ му останува да ги расчисти долговите со двајца поголеми доверители и да направи дополнителни подготовки за продажба, додава Лучески:

„Вадење на имотни листови, на суд е физичка делба со другите фирми кои се во кругот, имаме судски спор со државата, имаме и други нерешени прашања со државата, би било добро кога сето тоа би се решило, т.е. да ја накитиме невестата, за да може да се продаде поуспешно.“

Инаку, според неофицијални информации тендерот за продажба на компаниите требаше да се одржи месецов, но продажбата наводно е одложена за март.
XS
SM
MD
LG