Достапни линкови

Прилепскиот Тутунски Комбинат засега спасен од стечај


Прилеп
Прилеп

Државата ги плати заостанатите придонеси на вработените од Прилепскиот Тутунски комбинат и ги презема обврските кон доверителите, со што компанијата барем засега се спаси од стечај.

Прилепскиот Тутунски Комбинат направи еден голем чекор напред во битката за свој опстанок, откако државата ги плати долговите кон Фондот за ПИОМ за со години неплатените придонеси на 1270 вработените. Ова е само една од антикризните мерки кои Владата ги најави конкретно за прилепскиот комбинат, а со тоа ја отвори и можноста за финансиска консолидација на фирмата, која е од витално значење за градот. Зашто не само вработените, позитивни ефекти од компанијата имаат и акционерите,кооперантите, низа претпријатија...токму од тука се и инсистирањата и заложбите на граѓаните комбинатот да продолжи со работа, во спротивно неговото затворање за градот ќе значи социјална експлозија. Вработените задоволни од оваа одлука на Владата коментираат:
Задоволни сме, па државата застана зад нас, инаку ние можеби ќе одевме во стечај. Еве ги зема, обврските ги зема државата од комбинатот, обврските кои ги имаме кон доверителите ги зема државата и мислиме сега на многу полесен начин ќе бидеме продадени


,,Задоволни сме, па државата застана зад нас, инаку ние можеби ќе одевме во стечај. Еве ги зема, обврските ги зема државата од комбинатот, обврските кои ги имаме кон доверителите ги зема државата и мислиме сега на многу полесен начин ќе бидеме продадени, ќе најдеме стратегиски парнер и ќе продолжиме со работа, која е желба на сите вработени."

Вели Гоце Јанкоски, вработен во Комбинатот. Но, од оваа владина одлука не се задоволни акционерите, иако и тие се согласуваат дека на овој начин конечно се создаваат реални предуслови комбинатот да продолжи со работа. Но, сепак велат поради лошото финансиско работење на сите претходни раководства речиси двојно ќе им се намали вредноста на нивните акции.

,,Преземање на ингеренциите, на загуба што ја кажа Комбинатот, ја презема значи власта, потписник ќе биде генералниот директор, 40 милиони евра така некаде доаѓа. Сите овие државата што ги оправдува, практично нас ни се намалуваат некаде 80% акциите. Значи 50 евра колку што ни кошташе акцијата, сега ќе ни кошта околу 20 евра или 15,не сме задоволни, ама во друга кожа не се може."

Вели Павле Анчески, еден од бројните акционери кои располагаа со 55,5 % од капиталот на фирмата се додека Владата не го зголеми својот удел во комбинатот, каде поседуваше 45,5 % акции. Сега на следното редовно акционерско собрание кога ќе биде усвоена завршната сметка и официјално ќе бидат пребиени долговите на Комбинатот кон државата. Така слободно може да се каже дека државата ќе биде нов газда на прилепската тутунска индустрија. Но, овде не завршуваат проблеми. Останува долга и тешка битка за исплата на долговите за хипотекарните кредити кон комерцијалните банки, кои се неколку пати поголеми од вредноста на капиталот на комбинатот. Договорите со години се репрограмираат за да може фирмата да продолжи со работа, зашто само доколку една банка ја активира својата хипотека, за комбинатот веќе ќе нема иднина.А, иднината сите ја гледаат во стратегиски инвеститор. Сите Влади досега ветуваа, но не успеаја да донесат стратегисти инвеститор кој ќе значи гаранција дека фирмата ќе продолжи со работа.

,,Нашите настојувања при сите преговори со стратегистите инвеститори се сите вработени да останат на работа."

е ставот на првиот човек на комбинатот, Жарко Христоски, кој вложува напори компанијата да застане на здрави нозе. Каква ќе биде реално иднината на фирмата неблагодарно е да се прогнозира, велат скептично познавачите на приликите.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG