Достапни линкови

Загубарите неатрактивни за инвеститорите


Влада на Република Македонија
Влада на Република Македонија

Владата неуспешно се обидува да ги продаде фирмите загубари во Македонија. Според експертите, доколку има средства и интерес и државата може да инвестира во загубарите за да ги направи поатрактивни за продажба.

Фирмите загубари не се атрактивни за странските инвеститори, За да ги продаде државата треба да инвестира во нив и да ги направи примамливи, во спротивно тие и понатаму ќе бидат товар на државата, велат експертите. Веќе со години тендерите за продажба на фирмте загубари кои останаа непродадени . поминуваат неуспешно. Владата пред неколку месеци го поништи тендерот за избор на консултант кој ќе помогне за продажба на фирмите. Консултантските куќи треба да изготват нов модел за што побрза продажба на
Ако донесат повеќе профит, зошто да не го направи тоа? Ако има интерес и средства за тоа, но прашање е дали има средства?
државниот капитал во „Охис“, во „11 Октомври - Еурокомпозит“, „Емо“ и „Тутунски комбинат – Прилеп“Претворање на државниот долг на четирите фирми загубари во учество на државата во нивната сопственичката структура беше една од првите антикризни мерки на Владата, за која се очекуваше да помогне во продажбата на компаниите. Според податоците на Владата, се работи за вкупен долг од 140 милиони евра кон државните институции.

Професор Марија Зарезанкова Потевска вели дека фирмите загубари не им се интересни на странските инвеститори. Тие требаше уште одамна да се продадат ,но ако Владата има интерес можи и да вложи во фирмите за да ги направи поатрактивни, вели професор Зарезанкова.

,,Ако донесат повеќе профит, зошто да не го направи тоа? Ако има интерес и средства за тоа, но прашање е дали има средства?"

Светската економска криза дополнително ја влошува состојбата со продажбата на фирмите загубари, вели економистот Душан Велковиќ:

,,Во такви услови тешко е да се очекува некој сега да инвестира, да рестарира производни капацитети кои се загубари."

Владата, како најголем доверител во загубарите, распишува меѓународен тендер, без утврдена почетна цена, без обврска за потенцијалниот купувач за инвестирање во претпријатието и за враќање на дефиниран број работнициНо професорот Велковиќ вели дека и држават и синдикатите ќе мора да се вклучат во целиот процес , за да не останат работниците повторно на улица

,,Инвеститори, односно нови сопственици се разбира ќе се обидат да отпуштат што поголем број работници, но мора да се надат средства за отпремнина. Некои од работници загубиле надеж..."

Останува отворено прашањето кога загубарите ќе се тргнат од дневен ред на листата економски проблеми во државава.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG