Достапни линкови

Нови санкции за Иран


Државниот секретар на САД Хилари Клинтон во Ријад
Државниот секретар на САД Хилари Клинтон во Ријад
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, во регионот на Персискиот залив, побара арапска подршка за нови санкции против Иран и неговата нуклеарна програма. Таа во Ријад се сретна со саудискиот министер за надворешни работи, принцот Сауд ал-Фаисал

„Сега Иран ја инфромира Меѓународната Агенција за Атомска Енергија дека ќе започне со производство на повисок степен на збогатен ураниум. Тоа е провокација спрема резолуцииите на Советот за Безбедност на Обединетите Нации“.

По разговорот со Клинтон, саудискиот министер за надворешни работи, принцот Сауд ал-Фаисал рече дека санкциите можеби ќе имаат ефект, но оти иранските заливски соседи се надеваат на „побрзо решение“, не образложувајќи притоа за што станува збор. Иранската влада, како што изјави Хилари Клинтон, знае дека предизвикува регионална нестабилност што пак ке резултира со уште поголема изолација.
Меѓународната солидарност е критична за да се справиме со Иран и за тоа активно работиме со нашите партнери

„Меѓународната солидарност е од критична важност за да се справиме со Иран. Ние работиме активно со нашите регионални и меѓународни партнери во контекст на двојниот приод да подготвиме и примениме нов пакет мерки со цел Иран да го промени курсот“.

Претходно во Катар, американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја обвини иранската револуционерна гарда дека ја води земјата во воена диктатура. Во говорот што го одржа пред арапските студенти во Катар, таа рече дека Иранската револуционерна гарда добила толку голема моќ, што се чини дека ефикасно ја замени владата. Клинтон сега е во Саудиска Арабија на разговори со саудискиот крал Абдула.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG