Меѓу провладините и опозиционите демонстранти во Техеран каде се одбележува 31 годишнина од исламската револуција имало престрелки. Радио Фарда - Слободна Европа јави дека иранските опозициони лидери Мехди Каруби и поранешниот Претседател Мохамед Катами биле нападнати од провладините сили за време на денешните протес.ти за одбележување на годишнината на исламската револуција во 1979 година. Синот на Каруби, Хосеин изјави дека неговиот татко не бил повреден, но дека луѓето околу него биле претепеани.
„Агентите и безбедносните сили започнаа да ги тепаат луѓето и бодигардите. Тие не успеаа да го претепаат и Каруби“.
Поранешниот Претседател Катами пак бил нападнат додека се движел кон местото на опозициониот протест во Техеран. На неговиот автомобил биле искршени стаклата. Други опозициони лидери пак, биле задржани во нивни домови под изговор за нивната безбедност. На улиците на Техеран, од друга страна, се излезени десетици илјади про владини демонстранти.
Иран сега е нуклеарна држава
Иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџат, зборувајки на манифестацијата во центарот на Техеран по повод 31 годишнина од иранската револуција, пак изјави дека во земјата е произведен првиот пакет високо збогатен ураниум. Ахмадинеџат изјави дека Иран е сега нуклеарна држава.
„Јас би сакал да ви кажам дека пред два дена започна збогатувањето на нуклеарното гориво на 20 проценти. Сакам гласно да извикам – ти благодарам господи, нашиот нуклеарен шеф дека процесот започна под будното око на нашите научници“.
Ова гориво за нуклеарни централи може да се употреби и како материјал за нуклеарно оружје.