Достапни линкови

Акција за чисто и зелено Куманово


Секоја недела овој и наредниот месец локалната самоуправа и комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ во соработка со граѓаните изведуваат акција за чистење на Куманово и неговите приградски населби.

Се собира и се дислоцира сметот и шутот околу станбенитe објекти, зелените површини и сообраќајниците, а се поткаструваат и дрвјата, се со цел градот да биде почист и пуреден.
Заедно со граѓаните почнавме етапно по региони да ги чистиме дивитењ депонии,тротоарите,зелените површини и премините. Секоја недела според планот ќе се собираат стари предмети,оние што со години биле фрлани околу некои од сообраќајниците и премините.


Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека за оваа акција се направени план и стратегија.

„Заедно со граѓаните почнавме етапно по региони да ги чистиме дивитењ депонии,тротоарите,зелените површини и премините. Секоја недела според планот ќе се собираат стари предмети,оние што со години биле фрлани околу некои од сообраќајниците и премините.“

Директорот на „Чистота и зеленило“ Сашо Петрушевски вели дека градот мора да биде почист.

„Имаме 14 пунктови кои „Чистота“ ќе ги чисти. Со куќните совети ќе спроведеме акција, односно она што сега е акција да прерасне во пракса.“

Граѓаните се пријатно изненадени од оваа акција и сметаат дека заслужува активна подршка.

„Куманово е голем град. Меѓутоа од утре ние треба да водиме сметка и да не фрламе ѓубре и се и сешто од зградите. Тоа треба да се носи во контејнери.“
„И децата кога одат на школо фрлаат смет.“
„Сите граѓани треба да водат сметка за хигиената,зашто нашите внуци се играат тука.“

Велат граѓаните свесни за неодговорноста на повеќето од нив.
Кон крајот на месецот март според градоначалникот Дамјановски ќе започне и раззеленување на градот.
„Пошумување,средување на жардињери и нови зелени површини не само во делови од централното градско подрачје.“ вели Дамјановски настојувајќи најавуваниот проект за чисто и зелено Куманово да се реализира, а градот барем од тој аспект да биде попријатно место за живеење.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG