Трите локални комунални претпријатија во Куманово на пат се да ги надминат долгогодишните проблеми. Податоците укажуваат дека преземените мерки на локалната самоуправа, во соработка со централната власт навестуваат позитивни ефекти.
Јавното претпријатие „Куманово-гас“ интензивно работи за гасификација на градот. Она што е во нивната надлежност успешно и навреме се завршува, но проблемите се од друга природа, вели директорот Момчило Мирчевски.
,,Проблемот е на Македонија бидејќи иако уште од 1997 година магистралниот вод поминува низ Куманово не се преземаат соодветни мерки за приклучување. Сеуште е на сила одлуката од 1990 година, поради што имаме пречки."
Тој додава дека се обратиле до сите надлежни во државава, а последниот одговор од Владата го очекуваат во текот на јуни годинава.
,,Оптимисти сме дека најдоцна во јуни ќе се приклучиме на магистралниот вод,а тоа е обврска на „Гама“."
Според Мирчевски приклучокот за домаќинства ќе биде 800 евра иако во соседните земји е илјада евра.
ЈП „Водовод“ пак, ќе има среќа со нормално водоснабдување на граѓаните поради поволните хидрометеоролошки услови, меѓутоа проблемот со финансискиот товар за Пречистителната станица за отпадни води сеуште е во тек за разрешница.
,,Пречистителната станица месечно „Водовод“ го чини и до еден милион денари. Таа е најголем еколошки проект во Македонија,затоа бараме од државата да преземе дел од обврските,за нормално функционирање на овој значаен објект,но и на „Водовод“."
За „Чистота и зеленило“ се чини се наближува подобар период. Долговите ќе се вратат кон УЈП, вработените ќе бидат мотивирани со редовни плати,а граѓаните ќе живеат во почиста средина.
,,Балансирана е состојбата со долгот од околу 48 милиони денари на име на камати за долгот по основ на ДДВ. Заедно со Владата на РМ очекуваме поволна кредитна линија за да го сервисираме и овој долг."
вели градоначалникот Зоран Дамјановски. Тој додава дека Законот за обработка на цврст отпад е на сила, но стратегијата за тоа сеуште нема. Во тек е изготвување студии и избор на локации за Регионална депонија на цврст отпад, така што до 2013 година и овој проблем ќе биде надминат, смета Дамјановски.
Иако во градот комуналната хигиена е подобрена, граѓаните не се до крај задоволни, а и сметките за ѓубрарина им се чини дека се нереални, велат тие.