Достапни линкови

Сектор за меѓународна соработка во Општината Куманово


Олеснување на бизнис контакти и културно-уметничка соработка со локалните самоуправи од соседните, од земјите на Балканот,но и пошироко од него, од неодамна се проектите кои ќе ги реализира Секторот за меѓународна соработка во рамките на најголемата локална самоуправа во државава. Со тоа Куманово е првата Општина која има сектор од ваков вид.

Раководител на Секторот Горан Митевски вели дека и до сега Куманово имало добро воспоставени врски со повеќе локални самоуправи, кои ќе се продлабочуваат,интензивираат.
Да се интензивира економска соработка на стопанствениците. Колку можеме да сториме да се отворат нови пазари за Куманово.


„Почнувајќи од Словенија со Словенградец, Вараждин од Хрватска, Бијељина и Бањалука од БиХ, од Србија Горњи Милановац,Чукарица и Врање, од Бугарија Пловдив, од Турција Чорла. Имаме одлична соработка со локалната смаоуправа Солун од Грција, од Црна Гора со Никшиќ, од целиот Балкан.“

Со оглед дека овој Сектор за сега е единствен, кумановската локална самоуправа вели Митевски немаат репери. И покрај тоа тој појаснува дека реализирање на проектите ќе биде во склоп на ингеренциите на локалната самоуправа. Но, она што за Секторот ќе биде приоритет е воспоставување добри економски врски.

„Да се интензивира економска соработка на стопанствениците. Колку можеме да сториме да се отворат нови пазари за Куманово.“

И сето тоа да обезбеди полесен и поефикасен пристап до европските фондови наменети за локалната власт.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG