Градоначалници од шестте општини во североисточниот регион, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричинo и Ранковце го официјализираа Центарот за плански развој на овој регион. Во присутво на претставниците на невладиниот сектор, Mинистерството за локална самоуправа, советите на општините и Меѓународната агенција за развој УНДП најавија дека за развој на овој неразвиен регион се обезбедени околу 28 милиони денари. Со тоа, според заменик министерот во Министерството за локална самоуправа Фарук Фератовски, ќе се реализираат проекти за развој на туризмот, здрава животна средина, како услови за развивање на алтернативните форми на туризмот. Ан Мари Али од УНДП смета дека освен општинскиот и регионалниот развој во меѓувреме ќе се реализираат проекти и за развој на меѓуграничната соработка со Бугарија во повеќе области.
Претседател на Советот градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски вели:
,,Средствата ќе се донираат преку Советот на регионалниот развој, директно преку програмата, која претходно треба да биде усвоена и ќе биде финанасирана од средствата за регионален развој кој е 1 отсто од бруто националниот доход по Законот на РМ и по формулата, Куманово и петте општини ќе добијат околу 17 отсто од тие средства“.
Меѓутоа:
,,Во овој момент на економската криза ќе биде многу поскромно со 0,05%, но и тоа ќе биде добро за да се исправи историската грешка кон овој неразвиен регион“.
Младен Протиќ раководител на Центарот за развој на Североисточниот регион, лоциран во Куманово како најголема локална самоуправа во државава, додава:
,,Ги опфативме сите болни точки од економијата, туризмот. Полека ќе почнеме да аплицираме за проекти во Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионалниот развој, ќе аплицираме за меѓуграничната соработка, животната средина, изградба на регионална депонија која ќе биде фабрика за отпад, а не депонија, полека ќе се движиме кон нешто што ќе значи подобар живот на граѓаните на РМ“.
Според Протиќ се бира она што е најдобро за целиот регион, Советот ја одобрува програмата, но при тоа од големо значење е соработката меѓу општините од овој регион и меѓугранична соработка што е движечка сила за подобар развој.

На овој начин ќе почнат да се исправаат историските грешки кон овој неразвиен регион