Наместо да се увезува струја, треба да се инвестира во што поголем број на јагленокопи во Пелагонискиот регион кој располага со над 110 милиони тони расположливи резерви јаглен што се смета дека ќе го продолжат животот на РЕК „Битола“ до 2025 година. Доколку не се отворат нови наоѓалишта на руда, векот на енергетскиот стожер во државата, РЕК, ќе трае уште неколку година, а поскапувањата на струјата ќе ги удрат по џебот граѓаните. Вака од Битола препорачаа и предупредија експертите по енергетика.
,,Да се стави на здрави нозе РЕК „Битола“, тоа е обезбедување на гориво за следните 15 години, а тоа значи да се реализираат долго споменуваните нови копови на јаглен во Брод Гнеотино и Подинскиот слој на сегашниот рудник. Како три копа главниот јагленов слој, Подинскиот слој и Брод Гнеотино да ги снабдуваат трите блока во РЕК „Битола“ во следните 15 години,"
изјави академик Томе Бошевски.
Експертите посочуваат дека најголеми количини јаглен лежат во подинската серија на Суводол околу 48 милиони тони. 33 милиони тони во Брод Гнеотино и уште толку во останата околина. Но, во иднина најприоритетна ќе биде јамската експлоатација пред се во Витолиште и во Живојно, иако досега ваквиот начин на работа не се применувал.
,,Не смееме да дозволиме да се прави некоја фама од јамската експлоатација зашто таа во следниот период со оние резерви што ги имаме ќе мора да доминира. Со следните истраги ќе мора да се утврдат тие резерви на јаглен, кои макар и со јамска експолатација ќе мора да ги искористуваме. Јамската експлоатација во секој случај е поскапа, но во секој случај е поевтина од увезениот јаглен"
изјави Благој Ѓоргиевски, инженер во РЕК.
Освен обезбедувањето на јаглен важна е и модернизацијата на блоковите на РЕК, кој задоволува 75 проценти од потребите за струја во државата, а блоковите и опремата се стари по 30 години.
,,Мора и опремата да го продолжи својот век на функционирање. Таа веќе е на границата на искористување на векот и мора да се извршат ревитализации на генераторите, турбините, електрониката. Тоа мора да се заврши во следните две три години, за да не стравуваме од хаварии, од непланирани запирања,"
додава Бошевски.
Но, не смее да се заборани ни еколошката компонента зашто од 2016 година критериумите за заштита на животната средина на Европската унија ќе важат и за нас.
,,Се предвидува и еколошка ревитализација на блоковите, вложување околу 120 милиони евра за интервенцијуа во котелот каде настанува согорувањето и додавање на опрема која ќе ги зафајќа штетните гасови"
додава академикот.
Дел од овие препораки се содржани и во државната стратегија за енергетски развој, но останува да се види кога ќе се реализираат.
Да се стави на здрави нозе РЕК „Битола“, тоа е обезбедување на гориво за следните 15 години, а тоа значи да се реализираат долго споменуваните нови копови на јаглен во Брод Гнеотино и Подинскиот слој на сегашниот рудник. Како три копа главниот јагленов слој, Подинскиот слој и Брод Гнеотино да ги снабдуваат трите блока во РЕК „Битола“ во следните 15 години