Се обраќаме до сите пратеници без разлика на која политичка партија и припаѓаат да се заложат од буџетот за 2010 година да бидат издвоени средства за обештетување на фармерите од аферата „Сведмилк“. Ваква молба до пратениците испратија млекопроизводителите од Пелагониско кои сметаат дека стечајната постапка се одолговлекува, а досега никој не понесол одговорност за криминалите во млекарницата.
,,Ги поканивме битолските пратеници да го слушнат нашето барање за спас, да не подржат во Парламентот. Таму имаше доставено амандман да добиеме пари во буџетот. Немаме друг излез. Ние ова не го правиме за политички маркетинг, туку само бараме спас од нив без разликиа од која партија се, да кренат два прсти за спас за сточарите кои во држава ги има 2000 кооперанти од Сведмилк. Ова е втора година како ние бараме спас од нашата Влада. До денес не видовме добри изгледи дека ќе дојдеме до нашите пари. Блокирани ни се и сметки, не можиме да работиме.„
се пожали Гоце Кантаровски, фармер од Могила. Сточарите не знаат дали намерно или не во нивниот регион ретко кој зел субвенции, а оние кои ги зеле се одданочени.
„И субвенциите влезени во 2008 година ги оданочуваат. Субвенцијата ја ставаат како данок, директно како приход. На пример 200 или 300 илјади денари секоја една фарма има субвенции, на нив има 10 проценти данок. Некак кажат овие луѓе овде колку имаат добиено субвенции.“
се пожалија фармерите. Пратениците од СДСМ соопштија дека досега поднесувале три амандмани за обештетување на фармерите сосредства од буџетот, но пратениците од власта гласале против. Сметаат дека оваа расправа ќе биде крајната можност да се интервенира во буџетот за нивна полза. Предлагаат од буџетот тежок 2,5 милијарди евра да се издвојат 6 милиони евра за кооперантите на Сведмилк.
,,Како пратеничка група уште со првиот ребаланс на буџетот се обидовме да подабараме од буџетот на Македонија да се пренаменат 360 милиони денари, што беше одбиено од Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Исто беше и при вториот ребаланас на буџетот. И последниот обид токму деновиве се случуваше со новиот предлог буџет за 2010 година.“
,,Кога говорев за амандманот, ми рекоа неприфатливо било од буџетот да се издвојуваат вакви средства. По мене тоа е ноторна лага, па пред десетина дена беше промовирано дека ќе се градат евтини станови за припадниците од АРМ и Министерството за одбрана. Ветија долгорочни кредити, а каматата ќе биде на терет на буџетот. И тука се работи за приватни станови. Буџетот е собран од средства на сите граѓани, мора да биде насочен кон задоволување на нивните потреби.“
изјавија пратениците на СДСМ, Менде Диневски и Весна Бендевска.
Тие велат дека ќе побараат нова собраниска расправа за „Сведмилк“, како и формирање на анкетна комисија за испитување на целиот случај.
Ги поканивме битолските пратеници да го слушнат нашето барање за спас, да не подржат во Парламентот. Таму имаше доставено амандман да добиеме пари во буџетот. Немаме друг излез
,,Ги поканивме битолските пратеници да го слушнат нашето барање за спас, да не подржат во Парламентот. Таму имаше доставено амандман да добиеме пари во буџетот. Немаме друг излез. Ние ова не го правиме за политички маркетинг, туку само бараме спас од нив без разликиа од која партија се, да кренат два прсти за спас за сточарите кои во држава ги има 2000 кооперанти од Сведмилк. Ова е втора година како ние бараме спас од нашата Влада. До денес не видовме добри изгледи дека ќе дојдеме до нашите пари. Блокирани ни се и сметки, не можиме да работиме.„
се пожали Гоце Кантаровски, фармер од Могила. Сточарите не знаат дали намерно или не во нивниот регион ретко кој зел субвенции, а оние кои ги зеле се одданочени.
„И субвенциите влезени во 2008 година ги оданочуваат. Субвенцијата ја ставаат како данок, директно како приход. На пример 200 или 300 илјади денари секоја една фарма има субвенции, на нив има 10 проценти данок. Некак кажат овие луѓе овде колку имаат добиено субвенции.“
се пожалија фармерите. Пратениците од СДСМ соопштија дека досега поднесувале три амандмани за обештетување на фармерите со
Како пратеничка група уште со првиот ребаланс на буџетот се обидовме да подабараме од буџетот на Македонија да се пренаменат 360 милиони денари, што беше одбиено од Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ