Достапни линкови

Швајцарија против минарињата


На вчерашниот референдум во Швајцарија над 57 проценти од гласачите се изјаснија за забрана на изградбата на муслимански минариња во земјата.

Швајцарските гласачи ја одобрија забраната за изградба на нови минариња во земјата каде што живеаат над 400 илјади муслимани. Постојните 4 минариња и покрај референдумот ќе останат. Одѕивот на гласачите бил околу 55 проценти. Швајцарската влада, која беше против забраната, соопшти дека ќе ја почитува одлуката на избирачите. ,,Мнозинството граѓани ја усвоија иницијатива против изградба на минариња и затоа Сојузниот совет ќе ја почитува,, се вели во соопштението на владата.

Претходно, швајцарската влада ги повика гласачите да ја отфрлат предложената забрана за нови минариња, велејќи дека тоа би ги нарушило религиозните слободи и човековите права, може да предизвика пораст на исламскиот радикализам и да и го наруши имиџот на Швајцарија. Контроверзниот
Минарето е симбол на политичка победа на исламот. Првото нешто што го направиле турците по освојувањето на Константинопол било инсталирањето на минарето на врвот на најважната црква...
предлог за забрана на минариња беше поднесен од Швајцарската народна партија, која смета дека минариња се симболи на растечката муслиманска политичка и верска моќ кои можат Швајцарија да ја претворат во исламска земја.

,,Ние не сме за забрана на исламот, ние сме за забрана на политичкиот симбол на исламизацијата, а тоа е минарето. Минарето нема никаква врска со религијата. Минарето е симбол на политичка победа на исламот. Првото нешто што го направиле турците по освојувањето на Константинопол било инсталирањето на минарето на врвот на најважната црква.,,

Изјави десничарскиот политичар Улрих Шлуер од Швајцарската народна партија. Амнести интернешнал предупреди дека забраната претставува кршење на швајцарските обврски во врска со слободата на верско изразување. Агенциите известуват дека во кантонот Луцерн каде што се зборува германски забраната била прифатена, додека во кантоните Женева и Вауд каде што се зборува француски, граѓаните гласале против.

,,Јас сум шокиран од оваа иницијатива. Со овој одговор ви ја дадов и мојата позиција: јас сум против оваа иницијатива, бидејќи мислам дека станува збор за нетолеранција.,,

изјави еден гласач. Швајцарски медиуми пред референдумот известуваа дека, според јавното мислење, иницијативата за забрана на минарињата нема да ја добие поддршка на гласачите. Сега медиумите успехот на референдумот го објаснуваат со чувствителните прашања поврзани со имиграцијата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG