Достапни линкови

Ќе донесе ли патот кон ЕУ политичка обединетост?


Од прославата по позитивниот извештај на ЕК
Од прославата по позитивниот извештај на ЕК

Европската Комисија со позитивниот извештај ја упати пораката за потребата од решавање на проблемот со името, за натамошен забрзан пат на Македонија кон ЕУ. Експертите велат дека на тој пат пресудно ќе биде политичкото единство за да се постигне целта.

Првичните изјави се охрабрувачки. Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Александар Спасеновски пред надлежните собраниски Комисии извештајот од ЕК го нарече заеднички успех и на власта и на опозицијата, претседателката на Националниот Совет за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска од опозиционата СДСМ рече дека сега е време за ново партнерство за да се постигне заедничката цел.

,,Јас би рекол има позитивни сигнали, кај нас во Македонија често позитивните сигнали немора ништо да значат, може повторно да не добијат продолжеток."
Јас би рекол има позитивни сигнали, кај нас во Македонија често позитивните сигнали немора ништо да значат, може повторно да не добијат продолжеток


Изјави политикологот Здравско Савевски. Дали ваквиот меѓупартиски дух ќе продолжи да се развива во наредниот клучен период за евроинтеграциските амбиции на земјава, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска не беа достапни да коментираат. Од ДУИ веќе ја изразија подготверноста коннструктивно да придонесат во надминувањето на прашањето за името. Пратеникот на СДСМ Андреј Петров вели дека оваа партија сеуште располага се многу малку информации, а и дека не постои иницијатива од владејачката партија за нивно активно вклучување во она што треба да се направи заеднички во наредниот период.

,,Никој досега со нас, ниту разговарал, ниту посочил до каде се работите и како се одвиваат. Затоа картите се во рацете на премиерот Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Стоиме на тоа дека сме секогаш тука во секој момент кога тие сметаат дека треба да се консултираат со нас, да го искажеме своето мислење и да видиме кои се позициите на државата."
Стоиме на тоа дека сме секогаш тука во секој момент кога тие сметаат дека треба да се консултираат со нас, да го искажеме своето мислење и да видиме кои се позициите на државата


Во овој период ќе биде потребно да се работи, а не да се добиваат евтини политички поени, смета политикологот Здравско Савевски. Аналитичарот Алберт Муслиу сепак го очекува токму тоа, во наредниот период партиите во Парламентот да го користат прашањето за името за дневна политика.

,,Политичките партии во Македонија има една тенденција, веќе 18 години, да позитивните чекори на државата се присвојуваат од разни политички субјекти и се додека тоа се прави, реална и очекувана реакција од другата страна е тоа се опструира."

Муслиу и Савевски не препорачуваат прашањето како вообичаено да излезе на двор со собраниската сала туку активно да се решава во Парламентот. Во таа смисла. Савевски препорачува дека Средиштето на меѓупартиската соработка треба да биде Националниот Совет за евроинтеграции. Од дипломатите и од ЕК со извештајот кој вели е политичка одлука е упатен поттикот да се разреши спорот за името, сега е на Македонија да направи добра стратегија за да одговори на предизвикот.

,,Не гледам некоја позитивна клима во смисла на поместување на позициите кои се зафатени."

Изјави Муслиу.
XS
SM
MD
LG