Достапни линкови

Нови задолжувања


Нови задолжувања
Нови задолжувања

Денеска пред пратениците два нови предлог закони за задолжување со кредити од Банката за развој при Советот на Европа. Според експертите, средствата треба да се користат за продуктивни проекти

Владата предлага ново задолжување со кредити од Банката за развој при Советот на Европа и од Кредитната Банка за обнова. Двата предлог закони денеска се најдоа во Собранието. Со првото задолжување од Банката за развој ќе се градат социјални станови, за што, доколку се усвои предлог законот, ќе се бара заем од нешто повеќе од 25 милиони евра или половина од вкупната вредност на
Со сега владата изградила само три згради, а планира во следните три години да изгради 34 згради и средствата годинава од буџетот што беа предвидени за социјални станови ги намалува за повеќе од десет пати
проектот. За проектот за наводнување на јужната долина од реката Вардар, пак се предвидува заем во висина од десет милиони евра.

Пратеникот на опозициската СДСМ Марјанчо Николов вели дека во случај на ново задолжување, потребно е да се обезбеди доследност во остварувањето на проектите

„За социјалните станови до сега има сериозен проблем во реализацијата на овој проблем, односно доцнење на изградба на социјалните станови. Со сега владата изградила само три згради, а планира во следните три години да изгради 34 згради и средствата годинава од буџетот што беа предвидени за социјални станови ги намалува за повеќе од десет пати.“

Николов вели дека се уште не е сигурно дали со изградбата на систем за наводнување на јужната долина на Вардар ќе се обезбедат доволно пари за враќање на кредитот

„Тука се поставува прашањето дали површината опфатена со наводнување и бројот на корисници ќе обезбеди враќање на кредитот.“
Средствата треба да се искористат продуктивно, за проекти кои ќе генерираат одредени позитивни ефекти за општата благосостојба на сите луѓе во државата


Економистите посочуваат дека има простор за ново задолжување. Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека имајки ја предвид висината на јавниот долг, земјава може повеќе да се задолжи

„Меѓутоа секое натамошно задолжување ќе значи дека идните генерации ќе треба да издвојуваат средства од буџетот за враќање на долгот.“

Хаџимустафа додава дека задолжувањето е најисплатливо за продуктивни трошоци

„Средствата треба да се искористат продуктивно, за проекти кои ќе генерираат одредени позитивни ефекти за општата благосостојба на сите луѓе во државата.“

Последниото поголемо задолжување на Македонија беше со издавањето на еврообврзница со што Владата се задолжи со 175 милиони евра.
XS
SM
MD
LG