Новата владина мерка дворовите да можат да се откупат за 1 наместо за 13 евра, наиде на критики и од граѓаните и од опозицијата и од експертите. Дел од граѓаните кои веќе ги откупија своите дворови за многу повисоки цени побараа да им се врати разликата во цената што ја платиле. Слична ваква мерка имаше и претходно кога Владата реши да им се отпишат долговите на фирмите. И тогаш многумина стопанственици кои уредно си ги исполнувале обврските се почуствуваа обесправени. Исто беше и со ХАСАП системот, и таму беа „помилувани“ оние кои не го испочитуваа рокот за негово воведување. Аналитичарите велат дека ваквите одлуки можат да ги револтират .граѓаните, но тие одлуки немаат ретроактивно дејство, односно нема да важат за оние кои веќе си ја завршиле обврската според тогашниот закон. Адвокатот Драган Малиновски кој е и поранешен антикорупционер, вели дека во последно време се почести се примерите кога оние луѓе кои ги почитуваат законите се доведуваат во понеповолна ситуација од оние кои не си ги испочитувале одлуките.
„Или ако исполнат некоја обврска и тоа го направиле на време, подоцна се добива впечаток дека поминале полошо и се доведуваат во многу понеповолна позиција отколку оние што тоа не го испочитувале на време.“
Уставот не дозволува ретроактивно дејство на законите, но сепак треба да има некоја можност со која државата ќе им компензира на оние граѓани кои веќе платиле повискоа цена., вели професорот Саво Климовски.
„Владата е слободна да одлучува во конкретниот случај ценејќи ги економските, социјалните и другите околности и измени што настанале во општеството. И во тој случај овде се донесува многу поповолен закон за поширок круг на луѓе, а тоа што се обеспрвени одреден друг круг на луѓе, нормално дека кај нив ова создава револт, создава бес итн.“
Опозицијата веднаш по одлуката на Владата, запраша кој ќе им ја врати разликата во цената за откуп на земјиштето на граѓаните? И тие побараа оштетените граѓани да се обештетат.
Или ако исполнат некоја обврска и тоа го направиле на време, подоцна се добива впечаток дека поминале полошо и се доведуваат во многу понеповолна позиција отколку оние што тоа не го испочитувале на време