Колку македонското судство е независно?! Кога ова прашање ќе им се постави на власта и опозицијата ќе слушнете дијаметрално спротивни одговори. Првите, ќе констатираат дека судството се уште не може да се ослободи од стегите на Бранко Црвенковски. Вторите пак, ќе потцетат на незаменливиот Михајло Маневски и неговите дирекни конекции и со Судскиот совет. Кога на оваа пинг-понг ситуација ќе се надоврзат и пораките на странските дипломати за неопходноста од целосно реформирање на судството, станува јасно колку навистина политиката е навлезена во правосудниот систем. Еден од предусловите да се суди непристрасно и да се носат објективни судски одлуки е да се отстрани политичкиото влијание врз изборот на судии, велат експертите кои ги консултиравме.
„Од начинот на избор на судија треба комплетно да се отргне политичкото влијание. Тоа е сигурно прво во луѓето кои што се во тоа тело од една страна и од друга страна, не само да има бенефиција туку и одговорност за носењето на одлуките.“
Оценува, Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Судот за човекови права во Стразбур. Една од најчестите забелешки што стигнуваат на адреса на судовите се предолгите судски процеси кои понекогаш траат и со години. Неодамнешните тврдења на министерот за правда дека во изминативе неколку месеци македонските судии решиле повеќе 4.600 предмети кои предходно се чувавале во фиока помалку се збунувачки, особено што секојднево се зголемуваат жалбите на оние кои се револтирани од бавноста на постапките и одложувањето на рочиштата. Токму, бавното темпо во пресудувањето беше детектиран како главен проблем од страна на Брисел.
„Секој ден сме сведоци на предолги судења, очигледни неправди, сето тоа се комплицира ако се пренесе во доменот на политиката, во обвинителството, преку судии кои што судат вакви случаи. Од Основниот суд, до Врховниот суд ние имаме пресуди кои што ,,смрдат“ на политика.“
„Ниту Советот за јавни обвинители, ниту Судскиот совет неможе да се ослободи од влијанијата на министерот иако се тоа свери кои имаат изградено професионална независност.“
Изјавија Исо Руси од Хелсиншкиот комитет и Гордан Калајџиев, универзитетски професор.
Колку навистина ќе профункционирааат најавените мерки од Владата дека судиите кои до предвидениот рок нема да ги завршат судските процеси ќе бидат изложени на одредени казни останува да се види, или овие закани се само за дневно политички маркетинг со цел да се пренасочи вината онаму каде што можеби најмалку треба да се бара.

Секој ден сме сведоци на предолги судења, очигледни неправди, сето тоа се комплицира ако се пренесе во доменот на политиката, во обвинителството, преку судии кои што судат вакви случаи. Од Основниот суд, до Врховниот суд ние имаме пресуди кои што ,,смрдат“ на политика