15 мртви тела се извлечени од охридските води, петмина се повредени , тројца се водат како исчезнати, а спасени се 50 луѓе во најголемата бродска несреќа до сега во Македонија. Туристичкиот брод „ Илинден“ што денеска потона во близина на Охридскиот Автокамп „Елешец“ превезувал за речиси 2 пати повеќе патници од дозволеното. Бродот бил регистриран за 43 а превезувал 74 туристи од кој повеќето бугарски државјани.Иако сеуште се истражуваат причините за бродоломот, неофицијално пукнала сајлата на кормилото и многу брзо бродот потонал.
,,Викнаа дека има потонат брод, само што се завртавме видовме како пловат луѓе, има најмалку десет мртви."
,,Многу среќа што бродовите многу брзо дојдоа инаку сите ќе настрадаа"
,,Веројатно е од преоптовареност"
велат очевидците.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вели дека сеуште се бараат исчезнатите луѓе, и набрзо ќе ја завршат истрагата за несреќата.
,,Целиот брод, без оштетувања се наоѓа на дното на езерото на местото каде што потонал. Нашите екипи до доцна попладнево нуркаа со цел да обезбедат фотографии снимени под вода. Подводната истрага продолжува и во текот на утрешниот ден."
Министерот за транспорт Миле Јанакиевски под чија надлежност е езерскиот сообраќај денеска си поднесе оставка.
,,Јас лично сум многу трогнат од големата загуба, голем број човечки животи. Заради морална одговорност, на претседателот на Владата му ја врачив мојата оставка."
Во Охрид е пристигнат авион со кој туристи ќе бидат префрлени во Бугарија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов веднаш се упатил кон Охрид, а на местото на несреќата се дојдени и претставници на бугарската амбасада во Скопје. Вечерва ќе има вонрендна владина седница а владата реши утрешниот ден да го прогласи за ден на жалост.
Целиот брод, без оштетувања се наоѓа на дното на езерото на местото каде што потонал. Нашите екипи до доцна попладнево нуркаа со цел да обезбедат фотографии снимени под вода. Подводната истрага продолжува и во текот на утрешниот ден
,,Викнаа дека има потонат брод, само што се завртавме видовме како пловат луѓе, има најмалку десет мртви."
,,Многу среќа што бродовите многу брзо дојдоа инаку сите ќе настрадаа"
,,Веројатно е од преоптовареност"
велат очевидците.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вели дека сеуште се бараат исчезнатите луѓе, и набрзо ќе ја завршат истрагата за несреќата.
,,Целиот брод, без оштетувања се наоѓа на дното на езерото на местото каде што потонал. Нашите екипи до доцна попладнево нуркаа со цел да обезбедат фотографии снимени под вода. Подводната истрага продолжува и во текот на утрешниот ден."
Јас лично сум многу трогнат од големата загуба, голем број човечки животи. Заради морална одговорност, на претседателот на Владата му ја врачив мојата оставк.