Осум кривични пријави заработија навивачите на Вардар, од кои дел се малолетници, соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Според МВР, Комитите, движејќи се кон стадионот во Ѓорче Петров започнале вербална расправија со жителите во Нерези. Како продукт на расправијата повредени се седумина граѓани,а неколку куќи и автомобили беа каменувани.ДУИ побара Владата и Министерството за внатрешни работи да ги откријат напаѓачите и поттикнувачите на настаните. И од ДУИ и градоначалникот на Карпош, општината во која се случуваа инцидентите побараа одговорност од началникот на полициската станица во Карпош. Министерката Гордана Јанкуловска изјави дека ќе се испитува и инволвираноста односно постапувањето на полицајците
„Беше прашање на минути, да не речам секунди, кога треба да се прави проценка и да се реагира, доколку процениме дека некои од полициските службеници кои биле распоредени на извршување на задачи за обезбедување на местото каде што се случи инцидентот, не реагирале соодветно против нив ќе бидат преземени соодветни мерки.“
Вели таа и додава дека полицијата немала обврска да ги придружува навивачите, освен ако тоа не било побарано од нив. Жителите на Нерези раскажуваа дека навивачите им упаднале во домовите.
„Дома влегуваа, со огромни стапови и камења. Децата се истрауматизирани, ова не се случило ниту во 2001 година.“
„Еве истрауматизирани се, над 300 луѓе биле“
„Однесени во болница се тројца-четворица, дома ги тепале.“
Експертите за меѓуетнички односи велат дека вчерашните настани ја поматија добрата слика за соживот меѓу македонското иалбанското население. Професор Мирјана Малевска вели дека сега државата и инејзините институци треба да ги најдат виновниците, да ги изнесат пред суд, со што ќе покажат дека подеднакво се грижат за сите ѓрагани. А политичките лидери треба да се воздржуваат од екстремизам во своите говори.
„Користење на националните чувства на граѓаните за да се здобијат со евтини политички поени не водејќи сметка дека ќе нанесат штета на меѓуетничките односи, стабилноста на државата и интересите на сите граѓани.“
Професор Малевска вели дека е разочарувачки тоа што во нередите беа вклучени млади луѓе кои не покажуваа толерантност. Од МВР велат дека ќе поднесат пријави и против сите оние кои носеле ладно оружје како секири и шипки за време на настаните.
„Дома влегуваа, со огромни стапови и камења. Децата се истрауматизирани, ова не се случило ниту во 2001 година
„Беше прашање на минути, да не речам секунди, кога треба да се прави проценка и да се реагира, доколку процениме дека некои од полициските службеници кои биле распоредени на извршување на задачи за обезбедување на местото каде што се случи инцидентот, не реагирале соодветно против нив ќе бидат преземени соодветни мерки.“
Вели таа и додава дека полицијата немала обврска да ги придружува навивачите, освен ако тоа не било побарано од нив. Жителите на Нерези раскажуваа дека навивачите им упаднале во домовите.
„Дома влегуваа, со огромни стапови и камења. Децата се истрауматизирани, ова не се случило ниту во 2001 година.“
„Еве истрауматизирани се, над 300 луѓе биле“
„Однесени во болница се тројца-четворица, дома ги тепале.“
Експертите за меѓуетнички односи велат дека вчерашните настани ја поматија добрата слика за соживот меѓу македонското и
Еве истрауматизирани се, над 300 луѓе биле