Достапни линкови

Проекти за рамномерен локален развој


Куманово
Куманово

Шест општини од североисточниот регион, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричино и Липково се опфатени со програмата за рамномерен развој.

За подобрување на животот на населението во шестте општини од североисточниот регион,Куманово,Кратово,Крива Паланка,Ранковце, Старо Нагоричино и Липково овој месец во Куманово ќе се одржат неколку работилници. Освен претставниците на Центарот за плански развој на овој регион,учествуваат претставници од локалната администрација и невладиниот сектор од сите наведени општини, претставници од експертскиот тим,како и од УНДП како подржувач на проектот за рамномерен развој на регионите
Проектите опфаќаат области од инфраструктура и енергетски ресурси, управување со животната средина, рурален развој и туризам, земјоделско производство на здрава храна, услуги во јавниот сектор, образование, здравство и социјална заштита, економија...
во Македонија.Планот, како што вели Младен Протиќ од Центарот за развој на североисточниот регион опфаќа:

„Инфраструктура и енергетски ресурси, управување со животната средина, рурален развој и туризам, земјоделско производство на здрава храна, услуги во јавниот сектор, образование, здравство и социјална заштита, економија, односно ревитализација на индустријата, мали и средни претпријатија и индустриски зони.“

До корајот на септември годинава треба да биде усовена петгодишна програма за развој.

„А потоа ќе се изготви Акционен план за развој за 2010 година. Овие проекти ќе одат на филтри во Владата на Република Македонија.“

Објаснува Протиќ.
Сите активности,сугестии,предлози се под окото на експертскиот тим, кој како што вели Јане Вртески:

„Ги анализираме работилниците, а потоа ќе продолжиме со продлабочен развој и собирање информации од партиципативното учество на сите заинтересирани страни. Добиените информации ќе послужат за развој на североисточниот регион.“

Токму заради подобрување на животот во сите области повиканите претставници активно учествуваат давајќи свој допринос, секако во очекување и со оптимизам за поместување на работите од мртва точка. Особено што токму во овие шест општини економијата е во колапс,а бројот на невработените е поголем во однос на вработените.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG