Достапни линкови

Законот за лустрација не се спроведува


Собрание на РМ
Собрание на РМ

Законот за лустрација никако да почне да се спроведува. Надлежната Комисија нема простории за работа, и во такви услови досега решава само технички прања. Експертите посочуваат дека е недозволиво тоа што Комисијата за лустрација сеуште не функционира.

Првин се чекаше на донесување на Законот за лустрација, потоа на формирање на Комисија кој ќе биде задолежна за спроведување на законот, а сега Комисијата чека на простории во кои ќе може да си ја извршува работата. Законот за лустрација, за кој сите зборуваа како за „демократски чекор“, никако да почне да се спроведува. И додека во некои поскомунистички земји, лустрацијата е завршена
Комисијата нема простории, нема каде да работи и неможе да работи
уште пред неколку години, во земјава никако да почне. Пратеникот Стојан Андов кој беше идеен творец на законот вели дека законот не се спроведува.

,,Комисијата нема простории, нема каде да работи и неможе да работи."

Новинарот Даут Даути кој е член на Комисијата за лустрација вели дека во исчекување на просториите за работа, активностите на комисијата се сведуваат на технички прашања.

,,Се занимаваме само со статусни прашања, околу статусот на членовите на комисијата како професионалци, а за тоа прво требаше да се изгласа законот, па ги чекавме тие промени."

Од соседните земји лустрацијата се соочи со сериозни проблеми во Албанија и во Србија. Лустрацијата во Бугарија помина со помалку
Тие се повикуваат на објективни услови, но сепак стои фактот дека сеуште не е сватена одговорноста на оваа Комисија или не сакаат да ја сватат нивната улога
критики, а во Хрватска и во Босна и Херцеговина нема закон за лустрација. Професорот Осман Кадриу објаснува дека законот за лустација во многу посткомунистички земји иако е донесен не се спроведува до крај. Таков е и случајот во Македонија, вели Кадриу.

,,Самата Комисија која што се формира кај нас, согласно законот донесен во Парламентот, а која Комисија сеуште нема почнато ни површно да работи според законот и да ги спроведува одредбите на законот во пракса. Тие се повикуваат на објективни услови, но сепак стои фактот дека сеуште не е сватена одговорноста на оваа Комисија или не сакаат да ја сватат нивната улога."

Законот за исполнување на дополнителни услови за вршење јавна функција, во јавноста попознат како закон за лустрација, пред повеќе од еден месец се најде и пред Уставен суд. Но, судиите не успеаја да се договорат дали законот за лустрација е или не е уставен.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG