Со хепенингот "Лето 2009" во сабота навечер на Билјанините Извори во Охрид, симболично ќе биде најавен почетокот на новата летна туристичка сезона. Со манифестацијата што за прв пат ја организра општина Охрид по теркот на светските туристички центри, а ќе биде традиционална, се реафирмира со години запоставениот простор кај Билјанините Извори, кој добива нов изглед и содржини. Низ повеќе катчиња на отворено тука ќе биде претставена целокупната туристичка понуда на Охрид.
,,Ние поаѓаме од четири сегменти што се составен дел на целокупната туристичка понуда во Охрид. Пред се езерскиот туризам со сето негово богатство, крајбрежјето, плажите уредени како што се сега, сместувачките капацитети, културно-историскиот и духовен туризам, културните настани, културното наследство, верските празници, спомениците од културата, традиционалните занаети, градската или урбана понуда што Охрид последнива деценија максимално ја нуди посебно за младите и руралниот туризам кој како сегмент во последните 15 години е најбрзо растечка гранка на туризмот."
Вели Горан Мицкоски од секторот за туризам и локален развој во општина Охрид, кој најавува дека посетителите на "Лето 2009" ќе можат да добијат информации, да видат препознатливи содржини, да вкусат добра храна и пијалаци, да слушнат песна, хористи и музика и да видат културно-уметнички настапи. Со тоа му се враќа стариот сјај на познатиот туристички локалитет Билјанини Извори, како препознатлив туристички бренд на Охрид.
,,Се разбира во туризмот покрај соодветните стандардни содржини, секогаш потребна е една иницијална приказна или легенда. И покрај веќе добро познатата песна "Билјана платно белеше" и многу други песни поврзани со Билјана, постои и единствена легенда која што ние имаме намера да ја спакуваме како соодветен туристички производ и понатаму да привлекуваме поголем број на туристи."
Вели Антонио Балески од секторот за туризам и локален развој. Градската власт и субјектите во туризмот велат дека Охрид е подготвен за летната туристичка сезона. Цените за сместувањето се на ланско ниво и тие се движат од 300 до 600 денари за кревет во обичните соби и апартманите, и од 1000 до 6000 денари во хотелите. Во Охрид има пет илјади места во хотелските капацитети и околу 10 илјади во приватниот сектор, има авто кампови, нови добро опремени плажи, забава до утринските часови, и многу фестивали од фолклорот, филмот,класичната музика и театарот, концерти на познати музички имиња и бендови, изложби и промоции. Останува да се види, дали во време на економската криза,Македонските граѓани ќе најдат пари за одмор во Охрид, а најави за организирани посети веќе има за странските туристи.