Достапни линкови

Како да се биде конкурентен во Европа?


Куманово
Куманово

Стопанствениците од Куманово поминаа низ едукативна програма, за тоа како функционира европската претприемачка мрежа и како нивните производи да бидат конкурентни не само на домашниот, туку и на европскиот пазар.

Кумановските стопанственици преку едукативна програма на Агенцијата за претприемништво во Македонија и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија имаа можност да се запознаат со функционирањето на европската претприемничка мрежа. Со тоа тие главно се информираа за начините и можностите како со нивните производи да бидат конкурентни не само на домашниот, туку и на европските пазари. Агенцијата за подршка на претприемништво во Македонија, вели Марија Тасева, е дел од европскиот информативен иновативен центар во Македонија, кој пак е дел од големото европско семејство. Но, тој почнува да делува и на глобално, светско ниво
Всушност Европската комисија сака преку вакви центри на ваква мрежа да ја зголеми конкурентноста на своите претприемнички претпријатија и да создаде една Европа заснована на знаења
надминувајќи ги европските граници.

,,Всушност Европската комисија сака преку вакви центри на ваква мрежа да ја зголеми конкурентноста на своите претприемнички претпријатија и да создаде една Европа заснована на знаења."

За тоа постојат три групи или модули,објаснува Тасева и додава дека македонските прептриемници недоволно се запознаени со европската прептриемничка мрежа. А една од основните цели е технолошката поврзаност на фирмите од Европа и Македонија. Информациите за претприемнички порцес им овозможуваат на фирмите да станат поконкурентни на европскиот и на домашниот пазар.

,,Понуда на малите и средните претпријатија на информативни услуги е и барање од Европската унија, како и технолошко поврзување на претпријатијата и вклучување на академските средини. Македонските претприемачи преку ова се чекор поблиску до Европа."

За малите стопанственици овие информации се полезни.

,,Применувајќи ги новите научни достигнувања во сферата на нашата работа и следејќи ги иновациите во Европа, ќе успееме нашите производи да бидат конкурентни за извоз во Европа."

Европскиот иновативен информативен центар во Македонија е финансиран од Европската комисија и нашата Влада. Конзорциумот пак е предводен од Универзитеот „Св.Кирил и Методи“ од Скопје, а партнери се Агенцијата за претприемништво, Фондот за менаџмент и Стопанската комора на Република Македонија.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG