Достапни линкови

Лустрацијата „под лупа“ на Уставниот суд


Уставен суд
Уставен суд
Се е во ред со законот за лустрација објаснува еден од креаторите на законот, Стојан Андов. Реакцијата следува по вчерашната седница
Се е како што треба, нема проблем, за сите работи добија одговор во јавната расправа. Сега што Уставниот суд пак се интересира не знам
на Уставниот суд на која судиите не успеаја да се договорат дали законот за лустрација е или не е уставен. Стојан Андов се прашува зошто сега се разгледува законот.

„Се е како што треба, нема проблем, за сите работи добија одговор во јавната расправа. Сега што Уставниот суд пак се интересира не знам.“

До уставниот суд се дадени четири иницијативи за оценка на законот за исполнување на дополнителни услови за вршење јавна функција, во јавноста попознат како закон за лустрација. Овој закон го оспориле тројца граѓани поединци и Институтот отворено општество.

Спорно е дали лустрацијата треба да важи од 1944, до јануари 2008 година, кога е донесен законот, или од 1991 година, кога е воспоставен нов уставно-правен поредок. За уставните судии нејасно е и зошто во законот е предвидено лустрацијата да опфаќа и невладините организации, верски заедници и религиозни групи, членови на МАНУ. За уставниот суд постојат отворени прашања и
Нашиот закон има сериозни критики од јавноста, посебно од партиите во опозиција и сериозно се напаѓа, сметам дека и со право и основа
околку тоа дали со овластувањата кои ги има Комисијата за утврдување факти не ја нарушува уставната гаранција за слободите и правата на граѓаните.

Професорот Осман Кадриу објаснува дека законот за лустација во многу посткомунистички земји не е донесен а и таму каде што има до крај не се спроведува. Таков е и случајот во Македонија, вели Кадриу.

„Нашиот закон има сериозни критики од јавноста, посебно од партиите во опозиција и сериозно се напаѓа, сметам дека и со право и основа.“

Законот предвидува кандидатите и актуелните носители на сите државни, јавни, локални функции, како и професори, академици, црковни лица и многу други јавни личности до Комисијата за утврдување факти, формирана од Собранието, да поднесуваат изјави дека не биле соработници на тајните служби.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG