Во интервју за британскиот весник Гардијан, шефот на Mеѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеј предупредува дека постои можност од распаѓање на сегашниот договор за неширење на нуклеарното оружје. Според него, можно е сценарио во кое би се појавиле виртуелни нуклеарни сили, кои имаат знаење и технологија за изградба на нуклеарно оружје, но би се придржувале кон договорот за неширење на нуклеарно оружје со тоа што нема да го произведуваат. Според него, тоа би довело до ситуација многу земји да имаат можност да изградат нуклеарно оружје за само неколку месеци, ако одберат да го направат тоа. Според него, особено сериозна е ситуацијата на Блискиот Исток, регион што тој го опишува како темпирана бомба. Договорот за неширење на нуклеарното оружје беше креиран за време на Студената Војна, за цел да ги запре останатите земји, освен петте нуклеарни сили да добијат капацитет за изградба на нуклеарно оружје. Останатите делови од договорот вклучуваат нуклеарно разоружување и мирна употреба на нуклеарната енергија. Но, дамка на мeѓународниот договор со години е развивањето на нуклеарно оружје од страна на Индија, Пакистан и Северна Кореа надвор од Договорот, како и верувањето дека Израел е недекларирана нуклеарна сила веќе 40 години. Шефот на Агенцијата Ел Барадеј, чиј мандат истекува во ноември годинава вели:
,,Постојат четири дела, според мое мислење, на кои треба да работиме, 37 години по влегувањето во сила на Договорот за да се осигураме дека нуклеарната енергија ќе се употребува само во мирни цели и за да се обезбедиме дека се затворени дупките кои може да постојат за злоупотреба на технологијата. Четирите дела, на кои според мене треба паралелно да работиме се: нуклеарно разоружување, верификација, физичка заштита од нуклеарни материјали и мултинационална гаранција за снабдувањето.”
До минатиот месец, Ел Барадеј изјавуваше дека е уверен дека администрациите на американскиот претседател Барак Обама и Рускиот претседател Дмитриј Медведев преземаат позитивни чекори кон намалување на нуклеарното оружје.
Шефот на американската делегација во комитетот за подготовка на Договорот за нуклеарно неширење е заменикот државен секретар Роуз Готемоелер. Таа на новинарите им изјави дека администрацијата на Обама е силно посветена на намалување на залихите на нуклеарно оружје, но тоа според неа не може да биде направено преку ноќ:
,,Тоа треба да се направи на балансиран начин за да се осигура ефективен, безбеден и веродостојна американска залиха се додека постои нуклеарно оружје.”
Политичките аналитичари ја критикуваа претходната администрација на американскиот претседател Џорџ Буш за претворање на состаноците за нуклеарно разоружување во форум за обвинувањa кон Иран и Северна Кореја. Дел од аналитичарите сега велат дека администрацијата на Обама работи кон разоружување.
Четирите дела, на кои според мене треба паралелно да работиме се: нуклеарно разоружување, верификација, физичка заштита од нуклеарни материјали и мултинационална гаранција за снабдувањето