Достапни линкови

Млекарите немаат средства за ХАСАП стандардите


63 годишнииот Мице Јанчески е долгогодишен млекопроизводител од прилепското село Беровци и егзистенцијата за своето 8 члено семејство ја обезбедува со продажба на бело и биено сирење, секоја среда и сабота на млечниот прилепски пазар. Вели има 20 крави, месечно произведува до 200 килограми сирење. Но, поради слабиот пласман едвај успева да продаде 40 килограми по многу ниски цени, 80 за белото и до 250 денари за биеното сирење. Ако и натаму државата не обезбеди пласман вели дека семејството тешко ќе преживее, а за примена на Хасап стандардот за безбедност на храната, ниту не размислува:

„Условите никогаш не можеме да ги исполниме, бидејќи не оди работава. Сирењево еве 10 кила, две саботи ги носам.“

Крајно незадоволен од третманот на државата е и неговиот колега Јосиф Мицевски од Прилеп. Вели државата најпрвин треба да им обезбеди услови и да ги намири обврските кон нив, а потоа да бара од млекопроизводителите:

„Државата ни вети пари да ни даде за кравите, пред изборите тие сами рекоа дека „парите ги пуштивме„! Ни пари има пуштено, ни за земјоделието има пуштено пари, па ни за сирењето. Оваа сета работа зависи само од челниците што се на државата.“

Продавачите на млечниот пазар велат не им останува ниту денар, а не 3000 евра да инвестираат за набавка на соодветни машини и
Условите никогаш не можеме да ги исполниме, бидејќи не оди работава. Сирењево еве 10 кила, две саботи ги носам
апарати за имплементација на Хасап стандардот:

„Ако дојде инспекција требаше предвреме да кажат дека ќе има Хасап систем, пред месец дена. Се увезува од странство ефтино сирење, а нашето сирење овде стои на пазариве. Трошоците се големи, не можеме да ги издржиме тие трошоци, затоа што производството не оди.“

Марија Дамеска од Беровци стравува дека ако надлежната инспекција започне со интензивни контроли ќе биде принудена да си оди дома, без излез и решение како натаму. Сепак таа има предлог:

„Освен да го откупува сирењево како порано и во ладилници да го чува, така некако државава да води сметка. А, вака самите ние ни случајно не можеме. Во селово еве на пример сите од стоката живееме, сите тоа не можеме да го издржиме.“

Надлежните на прилепскиот млечен пазар велат дека се подготовени за примена на Хасап стандардот, инвестиција вредна околу 800.000 денари за 100 тезги и тврдат дека нема да склучуваат договори со неподготвените продавачи.

„Веќе сите сме во тек на набавка на тие разладни витрини или фрижидери. Другиот дел на нас не е, ние имаме хали значи ги исполнуваме условите, со санитарии, со вода, со струја.“

Вели Драган Василески, претседател и на Групацијата на зелени пазари на Македонија. Тој вели состојбата е иста со сите пазари во државава. Според законот за безбедност на храната максималната казна за трговците поединци е 500, за одговорното лице 3000, а за фирмата 5000 евра.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG