Достапни линкови

Американската надворешна политика пред познати предизвици


Џон Глен, Директор на Маршаловата Фондација
Џон Глен, Директор на Маршаловата Фондација

Во соочувањата со големите предизвици се очекува американскиот претседател Барак Обама да направи извесна промена на политиката во однос на претходната администрација на Џорџ Буш.

Американскиот претседател Барак Обама влезе во Белата Куќа со многу пораки дека е подготвен за почеток на нов дијалог со светот. Тоа го повторуваат и неговите најблиски соработници, потпретседателот Џозеф Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон. Но, со оглед на големиот број отворени прашања кои од нив ќе бидат продолжување на политиката на неговиот претходник Џорџ Буш, а кои не?

Кога ќе ја погледнеме политиката на администрацијата на Обама спрема Ирак, веднаш ќе забележиме драматична промена. Ако победеше Мекејн тој најверојатно ќе ги задржеше војниците во Ирак. Обама пак ги префрлува во Авганистан за кој смета дека е главниот фронт против тероризмот.

Вели Џон Глен, директор за надворешна политика на Маршаловата фондација. Сепак, според него, овие планови на Обама не наидуваат на одобрување кај европските сојузници кои не се за испраќање на дополнителни нивни сили во Авганистан.

Пред Обама е да одговори на предизвикот, како може, потпирајќи се врз стратегијата на НАТО, да ги придобие сојузниците за заеднички настап против талибанците.
Кога се во прашање државите од Западен Балкан, сметам дека Европската унија не попушта во подготвеноста и решеноста да ги прими во своите редови.


Во врска со односите меѓу Вашингтон и Москва, Глен оценува дека претседателот Обама е свесен на фактот оти Русија веќе не е Советскиот сојуз и дека ова веќе не е време на Студената војна. Затоа, како што додава, ќе следат обиди за решавање на прашањата преку партнерски дијалог.

Што се однесува до нашите односи со Русија, Соединетите држави се заинтересирани повторно да започнат преговори за неширење на конвенционалното оружје и за смалување на нуклеарниот арсенал. Од друга страна тука е американската загриженост за руското однесување во соседството.

Смета Глен кој во однос на тоа дали новата американска администрација во дијалогот со Брисел ќе се залага за побрза евроинтеграција на балканските и источноевропските земји оценува:

Заморот на Европската унија од проширување може да се забележи кога станува збор за интеграцијата на некои поранешни советски републики како Украина и Грузија. Кога се во прашање државите од Западен Балкан, сметам дека Европската унија не попушта во подготвеноста и решеноста да ги прими во своите редови. Постои загриженост за ситуацијата во Босна и на Косово, но во Европската унија преовладува мислењето дека регионот без сомневање ќе биде дел од неа.

вели за Радио Слободна Европа Џон Глен, директор за надворешна политика на Маршаловата фондација во Соединетите држави.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG