Достапни линкови

Протести на здружената опозиција против предлог територијалната организација


Расправата за пакетот закони за децентрализација стартува со рекорден број амандмани од опозицијата, изјави Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ:

„Очекуваме да имаме околу стотина амандмани. Фокусот е на Струга, Кичево и Скопје и на сите општини што се укинуваат.“

Владиниот предлог за територијална организација кој предвидува 80 општини од кои во 28 ќе има двојазичност, СДСМ во парламентот ќе го брани со контра аргументи:

„Начелно пратеничката група нема да поднесе амандмани. Се работи за неколку технички случаи каде што се потребни исправки, меѓутоа, концептот на законот во основа останува ист,“

вели Борис Кондарко.

Надвор пак од зградата на законодавниот дом против новата територијална поделба, блокот партии од опозицијата, кон која се приклучија и невладини организации и граѓани ќе го искажат своето незадоволство, на општ народен митинг што е закажан за во 20 часот.

„Одлуката е многу чиста и јасна, овој митинг ќе биде мирен протест на граѓаните.“
„Има некои информации дека се подготвуваат некои групи на провокатори. Меѓутоа, граѓаните треба да бидат присебни да не наседнуваат на такви испади.“
„Во таа насока апелираме до сите учесници да одржиме мирни и достоинствени демонстрации и протести во знак на искажување на револтот во однос на понудениот закон за територијална поделба на Република Македонија.“


изјавија Павле Трајанов, Стојан Андов и Ганка Самолиова – Цветанова, од блокот на здружената опозиција.

Во партијата во власта, на сугестијата на опозицијата велат:

„Да не бидат повторно изманипулирани скопјани, како што беа обичните граѓани на Струга, од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, зад кое се сомневаме дека стои зад организацијата, на вакви „спонтани“ собирања на граѓаните.“

МВР во врска со најавениот митинг најави дека ќе работи да овозможи непречена работа и безбедност на пратениците, а во исто време да се грижи за одржување на јавниот ред и мир, како и за безбедноста на своите граѓани.
XS
SM
MD
LG