Достапни линкови

Училиштето за лица со оштетен вид пред трансформација


Училиштето за децаи младинци со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје
Училиштето за децаи младинци со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје

Коалицијата на лица со попреченост „Менуваме" бара од државата да не им го одзема училиштето за лица со оштетен вид во населбата Кисела Вода и да го претвори во ресурсен центар. Тие имаат и дилеми дали ќе биде навреме подготвена наставата за лица со оштетен вид.

Лицата со оштетувања на видот бараат од државата да не им го одзема училиштето во населбата Кисела Вода каде во изминатите 66 години генерации деца учат се дружат, рехабилитираат, преспиваат и заедно со стручни тимови ги совладуваат лекциите, но и вештините за ориентација во просторот.

Суаред Алишан од Коалицијата за лица со попреченост "Менуваме" е еден од лицата со проблеми со видот кои се длабоко загрижени откако специјалното училиште за деца и младинци Димитар Влахов деновиве на точно две недели пред почетокот на учебната година добило извесување за одлука за негова транформацијата, во ресурсен центар.

Алишан смета дека отворање на пат кон ресурсни центри наместо задржување на училиштето за лицата со оштетување на видот не е соодветно решение. Тој вели дека такви центри се отвораат за деца со посебни потреби кои не може да се вклопат во средината и имаат психо физички пречки во развојот. На слепите лица им е потребна образовна институција каква што имаат над 60 години, вели Алишан додавајќи дека за нив единствено проблем е ориентацијата и движењето во просторот.

Тој, исто така, укажува дека невозможно е да се трансформира училиштето во ресурсен центар без да се донесе закон.

Суаред вели дека училиштето одлуката за затворање на објектот ја добило деновиве неочекувано на неколку недели пред планираниот почеток на училишната година кој поради пандемијата е одложен за 1 октомври.

„Нашите соработници не информираа дека во училиштето Димитар Влахов добиле маил дека училиштето ќе стане ресурсен центар. За да се случи тоа потребни се законски измени, а тоа не е направено. Замолувам како лице со попреченост со видот и како дете на слепи родители да се освести државата што прави. Во ова училиште се образувале многу генерации и денес дел од нив се успешни вработени во институциите на државата", вели Алишан.

Радио Слободна Европа побара одговори од Министерството за образование и наука за случајот со специјалното училиштето Димитар Влахов. Од таму ни рекоа дека дека тоа е во согласност со процесот на вклучување во општеството.

„Со развојот на инклузијата, посебните училишта се трансформираат во училишта со ресурсен центар и стануваат национални, односно регионални центри кои ќе ги нудат своите стручни, материјални и просторни ресурси за учениците со попреченост, нивните семејства и воспитно- образовниот кадар во училиштата. Тие ќе вршат индивидуален третман и рехабилитација, ќе ја обезбедуваат образовната и личната асистенција, ќе учествуваат и во реализација на дел од модифицираната програма за учениците со комплексни потреби, согласно со препораките на стручното тело за функционална проценка", наведуваат од МОН додавајќи дека за сите овие функции ќе се задржи стручниот тим кој работи во училиштата.

Како и да е, во последните години инклузивноста стана тема за која се водат многу дискусии и често таа се гледа како образовен модел во кој учениците со потешкотии или тешкотии во развојот треба да добијат образование во редовните училишта. Алишан тврди дека редовните училишата не се соодветно место за децата со оштетен вид наведувајќи дека ним им е потребно опкружување со посебни инструкции во однос на снаоѓањето и ориентацијата во просторот , стратегии на предавања или материјали и помагала кои не може да бидат обезбедени во редовната настава.

До информацијата за трансформација на училиштето Димитар Влахов доаѓа во време кога постои стравувања од пандемијата со коронавирусот и поради тоа интензивно се планираат мерките за борба против вирусот. Наставата во Македонија треба да почне од 1 октомври и се планира да биде со физичко присуство за ученците од прво до трето оделени, а за останатите наставата ќе биде комбинирана.

Ќе работат ли интернатите?

Инаку специјалното училиштето за деца и младинци Димитар Влахов располага со одделни згради за основци и за средношколци како и за деца од предшколска возраст, а во него има и интернат со 120 легла. Поради состојбата со пандемијата пред школската година за престој во интернатот аплицирале 60 деца што е двојно помалку од капацитетот за да се обезбедат безбедни услови за престој.

Од коалицијата Менуваме бараат да се овозможи работа на интернатот за да не се изложуваат на ризици по нивното здравје децата од внатрешноста кои секојдневно треба да патуваат до Скопје.

Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје.
Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов во Скопје.

Сања Стојадиновска е самохрана мајка на прводеленцот Давид од кумановското село Клечовце. Како што вели покрај редовните обрски кои ги остварува дома таа ќе мора со детето да патува за да го однесе на училиште во Скопје, а тоа за неа ќе биде напорно и комплицирано.

"Проблемот ми е првенствено финансиски, земам социјална помош и додаток за посебни потреби. Но, проблем ми е дека треба да патувам, а не можам. Немам автомобил и не возам, а треба да станам во 4 часот наутро за да земам автобус од Клечовце до Куманово, а потоа од Куманово во Скопје. Мојот став е дека детето треба да биде на училиште, ова е поинакаво дете кое треба да оди во училише, дома немаме услови за онлајн настава, ако нема некое решение како организиран превоз, нема што, ќе се мачиме секој ден така со автобус" вели Соња Стојадиновска.

Проблемот со престој во училиштето за децата од внатрешноста досега се решаваше со останување во интернатот кој фунцинира во рамки на капацитетот. Но поради состојбата со коронавирусот неизвесно е дали ќе се отвори.

Од МОН наведуваат дека подготвени се планови и протоколи за сите посебни основни училишта со интернатско сместување за физичко присуство како и за учење од далечина и тие се доставени до Комисијата за заразни болести.

„Од Комисијата за заразни болести се уште немаме мислење дали ќе може децата од 1 до 3 одделение да посетуваат настава со физичко присуство и да се користи интернатското сместување"

Инаку, во однос на поддршката на децата со попреченост од МОН информираат дека "во првите одделенија на основните училишта во рамки на проектот „Биди Ин, биди ИНклузивен, биди Инклудиран“, се објави оглас за доделување на стипендии за деца со попреченост на кој до 30 септември 2020 година ќе можат да аплицираат сите родители/старатели на деца со попреченост запишани во I или II одделение во основните училишта. Стипендиите се во висина од 3000 денари месечно, за период од три години".

Но Алишан го повтори ставот дека за жал кај нас нема услови децата со проблеми со видот да одат во редовно училиште заедно со другите деца.

Наставата на далечина е проблем за лицата со оштетен вид

За проблемите со кои се соочуваат слепите лица и оние со оштетен вид за жал може многу да се зборува. Меѓу родителие на децата од повисоките оделенија се појавија и дилеми во врска со наставата за далечина која е актуелна поради пандемијата. Тие велат дека никому не му е лесна наставата на далечина, а особено на децата со оштетувања со видот на кои им е неопходен стручен тим кој им го олесенува на овие деца движењето и ориентацијата во просторот.

Вонредната состојба поради корона вирусот беше воведена во март и во изминатите неколку месеци наставата се одржуваше на далечина, а многу родители беа ангажирани со своите деца и тие научија да соработуваат со наставниците. Но родителите на децата кои имаат попреченост со видот имаат многу потешкотии да им ги пренесат лекциите за онлјн настава на своите деца.

„Проблем е што родителите на овие деца не го познаваат брајовото писмо. Како ќе им ги објаснат лекциите кои се планираат да бидат онлајн за учинеците од пето до осмо одделени", вели Суаред Алишан од коалицијата Менуваме кој дополнува:

„Невозможно е учениците да ја следат наставата онлајан секојдневно онолку колку што имаат часови, технички е неизводливо од следните причини: Учениците без остаток на вид не можат да следат видно писмо. Треба да имаат инсталирано говорна апликацја ЏОС на македонски јазик, а немаат. Сите немаат телефони со понова технологија, што во старт создава хаос кај учениците“, вели тој.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG