Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
14:37 25.2.2022

Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот кинески колега Си Џинпинг во петокот во телефонски разговор дека Русија е подготвена на разговори со Украина, јави кинеската државна телевизија CCTV, пренесува Ројтерс.

16:21 25.2.2022

Протестен марш во Скопје - Стоп за војната во Украина

Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ од плоштадот Македонија одржа марш до руската Амбасада во Скопје. Мирната акција е посветена на поддршка на украинскиот народ и држава во борбата против руската воена инвазија во Украина. Демонстрантите извикуваа - Стоп за војната во Украина.

16:34 25.2.2022

Русија ги задржува економските врски со централноазиските земји

Рускиот претседател Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин и претседателката на Советот на федерацијата Валентина Матвијенко разговарале за меѓусебните односи со лидерите на три централноазиски земји поради санкциите воведени кон Русија од Западот поради нејзината агресија врз Украина.

16:40 25.2.2022

Стоп за војната во Украина - протест во центарот на Скопје

Протестен марш во Скопје - Стоп за војната во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:34 0:00

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG