Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
09:01 24.2.2022

09:02 24.2.2022
Русија ја нападна Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00

09:11 24.2.2022

Рускиот напад врз Украина низ фотографии

Одамна најавуваниот напад на Москва врз Украина започна рано на 24 февруари, со проектили истрелани кон аеродромите и воената инфраструктура во најмалку седум градови, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди „специјална“ операција за „демилитаризација“ на нејзиниот сосед и ривал.

09:24 24.2.2022

ЕУ ќе одржи итен самит за следен „одговор“ на постапките на Русија

Лидерите на Европската унија денеска ќе одржат итен самит на кој ќе разговараат за тоа што да се прави следно во врска со признавањето од страна на Русија на два отцепени региони во источна Украина, откако Унијата вчера ја одобри првата, ограничена рунда санкции. Целата вест ТУКА

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG