Протестен марш во Скопје - Стоп за војната во Украина
Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска одржа марш од плоштадот Македонија до руската Амбасада во Скопје за поддршка на украинскиот народ и држава во борбата против руската воена инвазија во Украина. Демонстрантите извикуваа „Стоп за војната во Украина“, „Путин Убиец“, „Стоп за руската агресија“, „Стоп за убиство на цивилите“.