Робот готви над 70 јадења во ресторан во Загреб
Рижото, тестенини со тиквички, њоки со јагнешко се дел од 70-те оброци кои роботот наречен „GammaChef“ ги прави сам, во ресторан во Загреб. Главниот готвач дигитално го „учи” роботот како да готви, а тој го зачувува дигиталниот рецепт и може да го повторува постојано. Според сопствениците, нема друг ресторан во светот каде роботи готват топли оброци.