Дали сте за парче пица направена од робот?
Пицерија во центарот на Париз им нуди необична услуга на своите гости. Роботи ја примаат нарачката, ги сечат парчињата и ја ставаат пицата во кутија. Иноваторите велат дека им биле потребни осум години истражување и развој, за да ја создадат технологијата која стои зад првиот робот во светот кој прави пица.