Демерџиев: Ќе донираме генератори за струја за пак да не им „падне системот “ на граничните премини
Бугарскиот технички министер за внатрешни работи Иван Демерџиев по положувањето цвеќе во Скопје на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев изјави дека биле „драконски“ мерките на македонската полиција. Демерџиев не ги дочека бугарските граѓани кои се најавени дека ќе дојдат на скопското Кале.
Системот за контрола на граничниот премин Деве Баир 4 часа беше во прекин, поради „ технички пад на системот“, со што се оневозможи брзо пристигнување на буграските државјани во Скопје.
Целата информација можете да ја прочитате ТУКА.
Тројца бугарски државјани приведени на Деве Баир
Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека на граничниот премин Деве Баир биле приведени тројца бугарски државјани Г.З. (35), А.Х. (50) и Р.Х. (54) за нарушување на јавниот ред и мир.
Тие „најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, наведоа од МВР.
Целата информација можете да ја прочитате ТУКА.
На Деве Баир некои од автомобилите поминаа, па се вратија во Бугарија
МВР: Граничните премини се во функција, се пропуштаат возила
Отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини и истиот е оспособен за функција и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава. На граничниот премин „Деве Баир“ група на бугарски граѓани чекаа да влезат на македонско територија за да му оддадат почит на револуционерот Гоце Делчев на одбележувањето на 151 годишнината од неговото раѓање. Целата информација ТУКА