Демерџиев во Скопје: Има податоци за запрени бугарски државјани на границата со РСМ
Околу 100-150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за да ја одбележат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев за бугарските медиуми во Скопје. Тој очекува да се исполнат ветувањата на македонските власти дека бугарските граѓани кои сакаат да дојдат во Скопје ќе бидат примени непречено.
Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев во црквата Свети Спас се и министерот за здравство Асен Меџидиев и заменик министерот за внатрешни работи Венцислав Катинов. Целата вест ТУКА
Полицијата дозволи влез на мали групи граѓани во црквата Св. Спас
Полицијата почна да пропушта мали групи на граѓани кои се дојдени на скопското Кале за да оддадат почит на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. До ова дојде откако заминаа политичките делагации кои според протокол за настан од висок ризик беа под засилено полициско обезбедување.
На барикадите се останати уште 50-тина граѓани кои чекаат полицијата да ги пропушти до црквата. Претходно полицијата не дозволуваше пристап до црквата Св. Спас и улиците беа затворени. Целата вест ТУКА
Државни, партиски и други делегации го чествуваа раѓањето на Гоце Делчев
Под силно полициско обезбедување и со претрес, државни, партиски и граѓански организации дојдоа на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев по повод годишнината од неговото раѓање. Голем број граѓани останаа под скопското Кале, недалеку од црквата Св. Спас, каде е гробот на Делчев.