Достапни линкови

Гробот на Гоце Делчев, Скопје, црква Свети Спас, 04.02.2023
Гробот на Гоце Делчев, Скопје, црква Свети Спас, 04.02.2023

Напнато, но мирно одбележување на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев

Со блокирана улица и многу полиција околу местото каде е погребан револуционерот Гоце Делчев, одбележана годишнината од неговото раѓање. Гробот во црквата Свети Спас во Скопје го посетија делегации од Македонија и од Бугарија.

  • Македонски државни и партиски делегации му оддадоа почит на Гоце Делчев
  • Панихида одржа поглаварот на МПЦ, господин господин Стефан
  • Полицијата пропушташе и граѓани во помали групи
  • Гробот на Гоце Делчев го посети и бугарска државна делегација
  • Бугарски државјани кои сакаа да дојдат во Македонија имаа проблеми на границата
  • На некои не им беше дозволен влез во Македонија
  • МВР претходно соопшти дека нема да дозволи никакви инциденти и провокации
11:20 4.2.2023

Лидерот на бугарската фондација „Македонија“ не ја преминал македонско - бугарската граница

Лидерот на бугарската фондацијата Македонија, Виктор Стојанов, како што неофицијално дознава екипата на РСЕ која се наоѓа на граничниот премин Деве Баир, самоиницијативно ја напуштил колоната на возила која се наоѓала на граничниот премин Деве Баир меѓу Северна Македонија и Бугарија и се вратил назад, бидејќи не можел да чека системот за контрола да се врати во функција. Целата информација ТУКА

Граничен премин Деве Баир на македонско-бугарската граница, 4.02.2023
Граничен премин Деве Баир на македонско-бугарската граница, 4.02.2023

10:59 4.2.2023

ФОТОГАЛЕРИЈА: Граѓани, делегации и полиција на чествувањето на Делчев

10:55 4.2.2023

Мицкоски- Срамота е да бидеме робови во својата држава

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиска делегација од пет члена оддадоа почит на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Со нив на Кале пристигнаа и стотици поддржувачи и симпатизери на партијата со транспаренти кои останаа зад полицискиот кордон.

Мицкоски изјави дека е срамота ова што денеска се случува со толкаво полициско обезбедување да не можат граѓаните слободно да оддадат почит на еден великан како Гоце Делчев. Целата вест ТУКА

Стотина граѓани насобрани на пунктот под Кале
Стотина граѓани насобрани на пунктот под Кале

10:37 4.2.2023

Стотици граѓани предводени од опозиционата ВМРО ДПМНЕ бараа да бидат пуштени до гробот на Гоце Делчев во Црквата Свети Спас во Скопје. Делегација на партијата предводена од лидерот Христијан Мицкоски положи цвеќе на гробот на Делчев

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG