Достапни линкови

Гробот на Гоце Делчев, Скопје, црква Свети Спас, 04.02.2023
Гробот на Гоце Делчев, Скопје, црква Свети Спас, 04.02.2023

Напнато, но мирно одбележување на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев

Со блокирана улица и многу полиција околу местото каде е погребан револуционерот Гоце Делчев, одбележана годишнината од неговото раѓање. Гробот во црквата Свети Спас во Скопје го посетија делегации од Македонија и од Бугарија.

  • Македонски државни и партиски делегации му оддадоа почит на Гоце Делчев
  • Панихида одржа поглаварот на МПЦ, господин господин Стефан
  • Полицијата пропушташе и граѓани во помали групи
  • Гробот на Гоце Делчев го посети и бугарска државна делегација
  • Бугарски државјани кои сакаа да дојдат во Македонија имаа проблеми на границата
  • На некои не им беше дозволен влез во Македонија
  • МВР претходно соопшти дека нема да дозволи никакви инциденти и провокации
08:23 4.2.2023

Гробот на Гоце како поле за зближување или разединување на Скопје и Софија?

08:37 4.2.2023

Приодите кон црквата Свети Спас под силно полициско обезбедување. Полицијата ги контролира сите кои се упатуваат кон гробот на Гоце Делчев.

Полициска контрола на приодите кон Свети Спас
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:19 0:00

08:58 4.2.2023

Силно полициско обезбедување во пресрет на чествувањето на Гоце Делчев

Под силно полициско обезбедување денеска делегации, функционери, политичари и граѓански здруженија со полагање цвеќе на гробот во Црквата Свети Спас, денеска ќе го одбележат раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Повеќе информации, ТУКА

Детална проверка на медиумските работници и новинари на Кале во пресрет на чествувањето на Гоце Делчев
Детална проверка на медиумските работници и новинари на Кале во пресрет на чествувањето на Гоце Делчев

09:16 4.2.2023

Кога нема тензии, ретко кој го посетува гробот на Гоце Делчев

Кога растат тензиите меѓу Македонија и Бугарија, почнуваат кавгите чиј е Гоце Делчев. Годинава посетата на неговиот гроб за роденденот на 4 февруари е настан од висок ризик. Но, во останатиот дел од годината посетителите се ретки, главно ученици и странци.

Кој го посетува гробот на Гоце Делчев кога не му е роденден
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG