Роденденот на Гоце - настан од полузатворен карактер
Македонска и бугарска делегација му оддадоа почест на 151 годишница од раѓањето на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје. Но, сето тоа беше проследено со големо полициско обезбедување, со затворени улици околу местото на настанот и падот на системот на граничниот премин Деве Баир поради што поголем број бугарски граѓани не можеа, или се откажаа од патот кон Скопје.
151 годишница од раѓањето на Гоце Делчев - настан од полузатворен карактер
Тензично одбележан роденденот на Гоце Делчев
Строги полициски протоколи и обезбедување, четири часовен застој на границата со Бугарија каде влез чекаа бугарски државјани и тензична атмосфера. Вака помина денеска чествувањето на 151 годишнина од роденденот на Гоце Делчев во Скопје.
Македонскиот државен врв рано наутро тивко му оддаде почит на македонскиот револуционер со положување цвеќе на неговиот гроб во црквата Св. Спас. По нив тоа го сторија и лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски, како и бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев кои упатија и пораки од црквата Свети Спас. Целиот извештај ТУКА.
Тензично на Деве Баир, тројца бугарски државјани приведени
Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека на граничниот премин Деве Баир биле приведени тројца бугарски државјани за нарушување на јавниот ред и мир. Сите гранични премини неколку часа не дозволуваа премин на македонска територија бидејќи не беше во функција системот за контрола. Откако дефектот беше отстранет, од МВР информираа дека истиот е оспособен за функција и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава. Но, некои не беа пуштени, а некои се откажаа од доаѓање во Македонија.