Достапни линкови

Најголем дел од вакцинираните кои починале од ковид имале проблеми со срцето


Од вупно 53 вакцинирани пациенти кои ја загубиле битката со ковид во периодот меѓу 8 до 21 октомври, проблеми со срцето имале 47 од нив. Според докторот, Жарко Христовски обично кај пациентите кои имаат кардиоваскуларни заболување има полош исход од ковид инфекцијата.

Најголем дел од вакцинираните со две дози кои починале како последица на Ковид-19 имале кардиолошки заболувања, покажуваат неделните анализи на Министерството за здравство, кое од 19 октомври започна да ги објавува овие информации. Министерството за здравство освен какви хронични болести имале, објавува и какви вакцини примиле починатите пациенти.

Во периодот од 8 до 14 октомври од починатите, 26 пациенти биле вакцинирани, а само еден од нив немал проблеми со срцето. Во наредниот период односно од 15 до 21 октомври, починале 27 пациенти кои биле вакцинирани со две дози. Според информациите на министерството, од нив 22 пациенти имале кардиолошки заболувања.

Што значи дека од вкупно 53 вакцинирани пациенти кои ја загубиле битката со ковид за време на овие две недели 47 од нив имале проблеми со срцето.

Медицинскиот директор на Аџибадем Систина, Жарко Христовски вели дека статистички кардиоваскуларните болести се болести кои што го оптеретуваат општеството и сосема е логично, најголем дел од тие пациенти кои што починале од ковид независно дали се вакцинирани да имаат придружни кардиоваскуларни болести. Другиот апсект, според него, е дека во меѓувреме се утврдило оти ковидот е мултиорганско заболување кое што на почетокот се презентираше како доминанто респираторно заболување.

Доктор Христовски: Кардиваскуларните пациенти повеќе страдаат од ковид
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:54 0:00
Директен линк


„Меѓутоа најчестите компликации кои што доведуваат до смртен исход или неповолен исход од лекувањето се врзуваат со тромобилчни комликации, т.с нарушување на цирукалацијата. Логично е да кај пациентите кои имаат кардиоваскуларни заболувања кои по дефиниција се болни од таков вид на проблем, проблемите кои што се појавуваат кај овој тип на пациенти со ковид доведе до полош исход. Така да прилично е од тој аспект, е помалку загадочно, помалку нејасно зошто се случува ова што се случува, т.с кардиваскуларните пациенти повеќе да страдаат од ковид инфекции“, вели Христовски кој е и специјалист по интерна медицина и супспецијалист по кардиологија.

Најмладиот починат имал 59 години, а најстариот 93 години. Освен кардиолошки заболување, некои од нив имале и по две хронични болести, најчесто дијабет, потоа белодробно, бубрежно или пулмолошко заболување, како и прекумерна тежина.

Живот со ковид - мерки и непослушност
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:48 0:00

Според Христовски, предмет на асоцијациите на кардиолози е да дискутираат што во периодот и после ковид ни следува во подготовка на здравствените системи на новиот епидемиолошки скок на инциденцата на кардиваскуларните заболувања.

„Секако во наредниот период заради многу причини може да се очекуваат многу консеквенци по однос на општото здравје. Слушавме во овој период многу околу психијатриските консеквенци на пациентите кои што биле во изолација и кои што ја прележале оваа болест. Пореметување на психичкиот статус. Меѓутоа еден феномен кој што се појави на почетокот, луѓето плашејќи се од ковидот не одеа на доктор. Знаеме дека најфреквентни болести од кои што починуваат луѓето се кардиоваскуларните болести, едноставно ги добивавме пациентите во закаснета фаза кога ефектот од лекувањето е далеку помал. Степенот на смртност и инвалидност далеку повисок. Така што прашањето на онаа втора епидемија на постковидни состојби ќе се соочиме со многу полош квалитет на живеење на оние пациенти кои што ќе дојдат кај нас, бидејќи вообичаено доаѓаат со малку потешко клиничка слика“, посочува Христовски.

Тој додава дека сите здравствени системи и болници во светот, па и во земјата се трудат да прават одредени сетови на испитувања кои што ќе ја проценат здравствената состојба на пациентите кои прележале ковид инфекција, од аспект на кардиоваскуларно здравје, состојбата со циркулацијата и респираторниот систем и по можност еден психолошки профил.

Согласно статистиката од 8 до 21 октомври, најголем дел од починатите биле вакцинирани со Синофарм, односно 33 лица, потоа 10 примиле Синовак, пет лица АстраЗенека, тројца Фајзер и двајца Спутник В.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG