Достапни линкови

Маската на затворено не е задолжителна за функционерите?


106 седница на Владата
106 седница на Владата

Носењето маска на затворено е задолжително, но премиерот и дел министри не го почитуваат тоа доследно. За тоа сведочат фотографиите што ги доставува владината прес-служба и службите на одделни министерства. Од настани во Владата на кои премиерот не носи маска, може да се забележат само на терасата во зградата на Владата која е со отворен кров, велат во владата во одговорот на нашето прашање

Премиерот и дел министри не се доследни во почитувањето на мерката за носење заштита маска против ковид-19. На фотографиите што ги доставува владината прес-служба и службите на одделни министерства може да се забележи дека владините претставници не носат маска за време на владини седници, на средби со делегации од странство или со домашни гости и покрај одлуката што ја донесе самата влада дека носењето маска на затворен простор е задолжително. Има и правилници како се одржуваат состаноци и како се организира работата на институциите, но сите предвидуваат дека маската на затворено е задолжителна, за да се намали ширењето на заразата со ковид-19.

Премиерот Зоран Заев прими делегација бизнисмени и градоначалници од Полска на 20 септември 2021. Премиерот не носи маска за разлика од неговите гости.
Премиерот Зоран Заев прими делегација бизнисмени и градоначалници од Полска на 20 септември 2021. Премиерот не носи маска за разлика од неговите гости.

На фотографии од 20 септември од средба на премиерот Зоран Заев со делегација бизнисмени и градоначалници од Полска, може да се забележи дека гостите носат маска, но не и премиерот.

Премиерот Зоран Заев прими делегација бизнисмени и градоначалници од Полска. Премиерот не носи маска за разлика од неговите гости.
Премиерот Зоран Заев прими делегација бизнисмени и градоначалници од Полска. Премиерот не носи маска за разлика од неговите гости.

На истиот датум министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, на средба со експертскиот тим кој работи на Проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, не носи маска, а нејзините соговорници носат.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на средба со тим експерти кои работат на проект „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“. Министерката не носи маска.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на средба со тим експерти кои работат на проект „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“. Министерката не носи маска.

Ниту вицепремиерот за економски прашања не носи маска на неколку настани на затворено, за што сведочат фотографии.

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со постојаната претставничката на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со постојаната претставничката на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров објавуваат фотографии на кои на работните средби се со маски.

Носењето маска прво беше задолжително само во затворен простор и на места на отворено каде што имаше гужви, како на пример на пазар, потоа кога почна да се зголемува бројот на заразени, се воведе и носење маска на отворено, а за таа цел се донесоа и измени на Законот за спречување на заразни болести.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во посета на спортска сала во Крушево.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во посета на спортска сала во Крушево.

Според протоколите што ги донесе Владата, за одржување на работни состаноци на затворено во институциите, задолжително е учесниците да носат заштитни маски во текот на целиот настан.

На почетокот од пандемијата на ковид-19, маските беа задолжителни во затворени простории, а потоа со месеци на сила беше мерката со која мораше да се носи и маска на отворено.

Неносење маска на отворено се казнуваше со казна од 20 евра, а полицијата секојдневно објавуваше дека по стотици луѓе се казнети оти не носеле маска. Речиси 200 илјади граѓани се казнети оти не ја почитувале мерката, а во буџетот од такви казни се слеале 3, 8 милиони евра.

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово. Дел од учесниците не носат маски.
Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово. Дел од учесниците не носат маски.

Владата на први јуни објави дека се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

Државниот инспекторат за труд соопшти дека во периодот од 13 до 17 септември издал 50 решенија со опомена или наредба за спроведување на мерките, одлуките и протоколите кои ги донесе Владата за спречување на ширењето на ковид-19. Изречена е и една инспекциска мерка забрана за работа за небезбедни услови на градилиште.

При надзорите било затечено 1 вработено лице кое не ја почитувало мерката-носење на заштитна маска на лицето во затворен простор и на истото му бил врачен прекршочен платен налог со изречена глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност.

На нашето прашање зошто премиерот и дел министри не го почитуваат правилото за задолжително носење маска во затворен простор, во владата велат дека премиерот ги почитува протоколите за заштита од ковид, притоа во затворени простории носи маска.

„На прес-конференциите во Медија центарот или на настани на кои е предвидено негово обраќање, ја вади маската, единствено додека зборува, но во тој случај другите присутни задолжително носат маска и се на прописно растојание. Во затворените простории на Владата се применуваат протоколи како дезинфекција на просториите после секое користење, природен провев или вентилација и одржување на пропишано растојание. Од настани во Владата на кои премиерот не носи маска, може да се забележат само на терасата во зградата на Владата која е со отворен кров“, велат во владата.

Тие дадоа одговор само за премиерот, а не и за другите министри.

Сепак, на фотографиите се гледа дека и премиерот е без маска на затворено, во владината сала за седници.

Премиерот Зоран Заев и новинарот Зоран Иванов на трибина : Патот на (Северна) Македонија до независноста. Тирибината се одржа во владата. Учесниците се без маски.
Премиерот Зоран Заев и новинарот Зоран Иванов на трибина : Патот на (Северна) Македонија до независноста. Тирибината се одржа во владата. Учесниците се без маски.

Пред неколку денови властите во Холандија и во Белгија одлучија дека нема веќе да биде задолжително носењето маска во затворен простор.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG