Докторке Стевановиќ, пожарот во модуларната болница во Тетово однесе животи. Дали модуларните болници се безбедни за пациентите?
Видете, јас верувам дека се безбедни. Сите тие имаат свој технички прием и градежни документи без никаква замерка. Еве да зборувам за модуларната болница која има капацитет дури од 70 легла и е припиена кон Клиниката за инфективни болести. Да ве потсетам, илјадници пациенти беа спасени од тешка клиничка слика од ковид, од средно тешка клиничка слика на ковид и ние не можеме да кажеме дека модуларната болница не е начин за едно квалитетно згрижување и третирање и нега на пациентите.
Македонија се соочува со четвртиот бран од ковид пандемијата и земјата се наоѓа високо меѓу првите пет места по смртност како резултат на Ковид-19 во светот. Зошто?
Сведоци сме на разно разни елаборирања и дискутирања околу смртноста од Ковид-19 во нашата држава. Во различни есапи и различни математики се прави кај нас и во светот. И тие што коментираат нечесто ми се јасни и процесот на пресметки на овие бројки. Во процес е една сериозна анализа со повлекување на сите хоспитализирани пациенти електронски и нивна обработка како со статистичките така и со епидемиолошките можности што ги имаме. Колегите се многу волни таа една сериозна анализа да ја направиме. Во смртноста во развојот на клиничката слика влијаат многу работи. Влијаат од една страна индивидуалните на пациентот, влијаат генетските, тешките болести, возраста и тоа одзема еден сериозен процент од пациентите. Сведоци сме и на губење на млади и здрави пациенти, барем немаме податок дека биле болни и мора да ги третираме како здрави пациенти. Од друга страна, верувањето или не во заштитните мерки, верувањето во болеста или не, долгорочното домашно лекување, во знак на наод ќе кажам различни здравствени структури и пријатели, порано не, но, во овој налет бар го согледуваме. Даваме инфузии, а пациентите не знааат какви се тие инфузии кои им се давани и тоа е еден навистина сериозен проблем. Се соочуваме со различни потешкотии во лекувањето на клиниката. Болеста беше и се уште е, за жал и секоја нова варијација од вирусот носи нови непознаници и нови карактеристики за кои треба време и согледување да се научат за да се преземат. Нема измени во терапијата. Слушаме, пресметуваме, дали она што го даваме е помалку или повеќе ефикасно, ако претходно сме забележувале поголем успех. Ние имаме терапија која е препорачана. Незначајно се разликуваат препораките за третман на ковид во светот. Навистина се мали разликите. Светот прави сериозни истражувања и применува терапии кои не се дел од препораките кога се трудите да спасите човечки сили се обидувате тоа да го направите до максимум со сите расположливи средства. Јас сум повеќе од сигурна дека нема болница, нема капцитет болнички и здравствен работник независно на кое ниво работи кој не дава се од себе да тоа и го постигне. Јас затоа и го носам овој бел мантил и верувам во таа кауза.
Дали во Македонија поголем дел од хоспитализираните умираат за разлика од останатите држави во светот?
Тоа е математика која треба сериозно да се обработи. Напротив она што е почетна анализа напротив не мислам дека умираат повеќе отколку што умираат е во светот. Правевме една споредба и со Англија и со Франција и некоја драстична разлика нема. Повторно ќе кажам земајќи ги во предвид сите карактеристики кои се земаат во пресметките на морталитетот на болеста, а секогаш не се изразува само во проценти и по глава на жител на една држава.
Како што рековте, меѓу пациентите има и многу млади лица кои немале други заболувања, тогаш зошто тие ја загубија битката со болеста?
Од клиничките слики што ги гледавме кај овие пациенти, не ретко беа поврзани слични тешки, па и фатални исходи од болеста и во членови на семејството што може да алудира и на некаква генетска наследна компонента. Од друга страна, следеше рапидно влошување на состојбата, пред се на белодробната симптоматологија. Од друга страна, повеќето од овие луѓе беа и навистина многу доцна дојдени на клиника. Каков ќе беше нивниот тек на болеста да беа дојдени навреме, да ги имавме овие други сознанија, јас тоа сега не сакам да го кажам. Не сакам јавноста мојот одоговор да го сфати како некакво оправдување. Напротив се обидувам да бидам рационална во секое едно искажување и согледување на состојбата, како на пациентите, како на развојот на тежината на клиничката слика и на крајот на краевите до максимилизирање на сето она што ние може да го дадеме како лек или како помош на овие пациенти.
Неколку пати повторивте дека дел од пациентите доаѓаат доцна на лекар. Дали причината е поради тоа што не веруваат во здравството?
Јас навистина многу сум размислувала, пособено кога ќе видам млади школувани луѓе доаѓаат доцна на лекување и мојот впечаток е можеби не дека немаат доверба во здравствениот систем, колку што нивниот став дека младоста и здравјето ги прави најмоќни и не може ништо да ги совлада, а притоа и извесни заблуди дека болеста всушност не постои. Знатете како сите сме биле млади и сме имале свои ставови околу нашата моќ и јачина во животот и што се однесува на нашето здравје се разбира, но после ова време со вакви извештаи кои дневно се праваќаат во јавноста да некој не верува во болеста е неприфатливо. Ние имаме многу пациенти кои не верувале во болеста пред да дојдат на клинката и на цела среќа многумина од нив се излекувани и на еден многу потежок начин го смениле ставот и ја откриле вистината.
Целото интервју со директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ може да го погледнете во видео снимката на почетокот на овој текст.