Достапни линкови

Која беше поентата на самитот ЕУ - Западен Балкан?


Самит ЕУ-Западен Балкан, во Брдо, Словенија, 6 октомври 2021
Самит ЕУ-Западен Балкан, во Брдо, Словенија, 6 октомври 2021

Дали надежите за интеграција на шестте земји од Западен Балкан во ЕУ се залудни? Има ли простор да се биде задоволен од напишаното во декларацијата на самитот во Брдо? Свој осврт на заклучоците од Самитот дава новинарот на Радио Слободна Европа Рикард Јозвијак.

Се чини дека вакви настани (како Самитот во Брдо) стануваат редовна вежба за „спроведување на одредена активност“ на Брисел, исто како и многу други работи што се обидува да ги направи во областа на геополитиката овие денови.

Самитот обезбеди платформа за прикажување на сите работи што ЕУ им ги подарува на шесте надежни за ЕУ земји од регионот, но на крајот, исто така, покажа колку блокот стана нефункционален - и дека членството во ЕУ за балканските надежи е само сон.

Се разбира дека европските дипломати би протестирале против ваквата констатација. И за да бидеме сигурни дека не е така, тие можат да наведат некои конкретни примери за сите работи што беа постигнати на состанокот во Словенија на 6 октомври.

Земете ги на пример, состаноците на маргините. Го имавте францускиот претседател и германската канцеларка како разговараат со лидерите на Косово и Србија, покажувајќи дека односите Белград-Приштина се во мислите на највисоките ешалони на европската дипломатија. Слично на тоа, состанокот за појадок меѓу лидерите на Северна Македонија и Бугарија заедно со двајцата претседатели на ЕУ истото утро може да биде вистински показател дека патоказот за деблокирање на ветото на Софија за преговорите за пристапување на Скопје можеби е жив и ќе започне.

А потоа има и други конкретни примери во декларацијата што официјалните претставници на ЕУ макотрпно ги изработија по неколкунеделните разговори во Брисел, пред почетокот на самитот. Во неа можете да прочитате за 30-те милијарди евра што ЕУ ќе ги инвестира во Западен Балкан во следните седум години, 2,9 милиони дози вакцини што Брисел ги достави до „секстетот“ со ветување дека со помош на Унијата ќе ги достигнат „стапките на вакцинација до европскиот просек до крајот на 2021 година, а тука е “и обврската за поставување јасни цели за намалување на трошоците за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан“.

Во декларацијата, исто така, се ветува дека следниот самит ќе се одржи следната година, кој според текстот сега е „редовен настан“. Сепак, има нешто загрижувачко во ова што треба да ги налути земјите во регионот. Тие редовно се среќаваат со своите колеги од ЕУ, ова е трета средба на такво високо ниво дури и во последните четири години. Сепак, овие состаноци нудат многу малку за најважните работи.

Тажната вистина е следна: првиот самит ЕУ-Западен Балкан, во Солун во 2003 година, беше убедливо најамбициозниот, со декларација во која без срам се вели дека „иднината на Балканот е во рамките на Европската Унија“ и во која се додава дека „Подготовката за интеграција во европските структури и конечното членство во Европската Унија, преку усвојување на европските стандарди, сега е големиот предизвик пред нас“.

Следниот таков самит се случи 15 години подоцна, во 2018 година, и одеднаш се ветува дека ќе имаме годишни собири, но без некаков напредок во таа насока. Во годинешното соопштение се вели дека „ЕУ ја потврдува својата посветеност кон процесот на проширување и нејзините одлуки донесени врз основа на нив, врз основа на веродостојни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и принципот на сопствените заслуги“. Дипломатите на ЕУ кои сакаат да го видат регионот во ЕУ го слават фактот дека зборот „проширување“ влезе во текстот. Тоа е нивото на амбиција во моментов.

И за смирување на скептиците за проширување, како што се Данска, Франција и Холандија, беше додадена реченицата:

„Ние, исто така, потсетуваме на важноста на Унијата да го одржи и продлабочи својот развој, обезбедувајќи капацитет за интегрирање на нови членки“.

Ова во суштина е дипломатски говор за зборовите „имаме многу внатрешни прашања на ЕУ за решавање во моментов, затоа ве молиме да не се мачите да прашувате за членство“.

Не е ни чудо што предлогот на словенечкото претседателство со ЕУ за давање на некаква временска членство на шесте земји беше веднаш отфрлен.

Беше доволно само да се следат вратите на лидерите на ЕУ пред состанокот и прес -конференцијата по завршувањето на самитот. Половина од прашањата на новинарите, речиси сите од различни земји на ЕУ, всушност не беа за Западен Балкан. Се чинеше дека се позаинтересирани за вечерата што ја имаа лидерите на ЕУ ноќта пред самитот, на која се дискутираше за порастот на цените на енергијата, стратешката автономија на ЕУ во пресрет на хаотичното повлекување на Авганистан и аферата АУКУС, која се уште го тангира Париз.

ЕУ засега е целосно окупирана со себе и во догледна иднина, а Западен Балкан не е дел од таа ментална карта. Настрана од тоа ова ќе биде годишен самит на кој ќе се разменуваат убави нешта и ќе се делат повеќе или помалку политички подароци. Нешто како семејно собирање. Само не кажувајте дека тие се дел од семејството или некогаш ќе бидат!

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG