Достапни линкови

Кога ќе нема ни стари, министрите ќе работат на нивите - вие коментирате


Велес 2010
Велес 2010

„Дојдоа у Скопје младите у администрација“ - гласи еден од вашите коментари на саботната анализа на РСЕ дека нивите остануваа празни, младите се селат во градовите или во странство. Како се дојде до ситуација да нема кој да ги работи нивите во „земјоделска“ држава

Саботната анализа на РСЕ на македонски ги анализира состојбите со нашето земјоделство, и според податоците, работите не се баш најповолни. И насловот како да кажува сè: „Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите“. Бројот на вашите коментари е прилично голем. Илија Коциров ги скенира состојбите: „Како и кој да остане да работи земјоделие... се даваат смешни субвенции, никој не прави ништо за да се прилагоди производството на екстремните климатски промени, никој не гарантира откуп и плаќање и на крај административците ги дриблаат дека субвенции им плаќала државата, истата таа што скоро никако не придонесува за подобрување на животот и полнење на буџетот“. Виктор Додов ептен песимистички: „Дојдоа во Скопје младите, у администрација. Сега родителите и дедовците полека ја завршуваат земјоделската тажна приказна. После нив, завршено е со земјоделието“. Тони Адамчески малку како на шега: „Ќе ги нема постарите (па ќе мора министрите да работат)“.

А војната во Украина си продолжува, додека Русија се соочува со зголемена меѓународна осуда по наводите за можни воени злосторства. Претседателот Володимир Зеленски предупредува дека руската војска минирала цели области во неговата земја, домови, опрема, дури и тела на на луѓето кои се веќе убиени. Но оние што коментирале на нашата ФБ страница продолжуваат да се сомничави“. Цобе Наумоски коментира по предупредувањето на Зеленски: „Па и не е чудо да е така... она од што светот се згрозувал при секој конфликт сега Русија го практикува“, а Душан Нешковиќ ја прашува РСЕ: „А од куде ви оваква информација?“ Илија Котески со заклучок: „Оваа војна ќе биди долга можи 5 години и повеќе, сè додека не ја поделат Украина. За жал, и жртви ќе има многу, нема з....а со Русите“.

Непримерен речник против бугарскиот премиер Кирил Петков кој и во интервју за софискиот весник 24 часа потврди дека руските агенти во Бугарија работеле против добрососедските односи помеѓу Бугарија и Македонија. За Сониа Качшурова зборовите на Петков се „руски бајки“, а за Ебрар Реџеп Петков е „најголемиот противник на С.Македонија. Остај Русите“, му препорачува на бугарскиот премиер, „со Руси немаме проблем, со вас имаме и со Макрон“.

Тицињски - Украинските бегалци ги третираме како полски државјани
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:54 0:00

Неделното интервју на РСЕ е со полскиот амбасадор во земјава, Војчех Тицињски, кој покрај другото вели дека Полска ќе прифатела сè што ќе биде договорено од Македонија и Бугарија и дека „Полска сака преговорите со ЕУ да ги почнете уште утре“, како што вели. Редовната Слободанка Камчева со коментар: „Мислев дека политиката, дипломатијата се правни, сериозни, јасни и одговорни науки (дејствија), а не давање сигнали, намигнување, нејаснотии, уцени, притисоци, насочени против луѓето“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG