Бројките покажуваат дека во Иран до 20 јули скоро 42.000 луѓе починале со симптоми на ковид-19, болест предизвикана од коронавирусот.
Тоа е значително помалку од 14.400 смртни случаи пријавени од Министерството за здравство во истиот временски период, објави британската новинска мрежа.
Податоците, испратени до Би-Би-Си од анонимен извор, содржат детали за дневни приеми во болници, како што се имиња, возраст, пол, симптоми и време на третманот.
Иран беше една од нациите што брзо по појавата на коронавирусот беа погодени од заразата и веднаш во јавноста предизвика сомнежи за точноста на податоците објавени од владата.
Рохани - Веројатно 25 милиони Иранци се заразени од коронавирусот
Кина исто така е земја чии официјални податоци за коронавирус се под знак прашалник од набљудувачите.
Би-Би-Си соопшти дека информациите испратени од анонимниот извор откриваат значително помал дневен број, што укажува на тоа дека тие биле намерно прикриени.
Изворот изјави за Би-Би-Си дека причината за споделување на податоците е да „фрли светлина врз вистината“ и да се стави крај на „политичките игри“ во врска со пандемијата на коронавирус.
Податоците покажуваат дека првичното покачување на смртните случаи во почетокот на март било многу поголемо од официјалните бројки.
Исто така, се покажува дека до средината на март смртните случаи биле пет пати поголеми од официјалните бројки.
Министерството за здравство соопшти дека извештаите на земјата до Светската здравствена организација за бројот на случаи на коронавирус и смртни случаи се „транспарентни“ и „далеку од какви било отстапувања“.
Од ковид-19 во Иран досега починаа тројца пратеници
Би-Би-Си цитира поранешен пратеник и службеник во Министерството за здравство дека иранската влада „била загрижена и се плашела од вистината“ кога коронавирусот за прв пат го погодил Иран.
„Владата се плашеше дека сиромашните и невработените ќе излезат на улиците“, рече Нуролдин Пирмоазен.
Иран веќе се соочуваше со тешки економски услови уште пред пандемијата.
Санкциите што следеа по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор и наштетија на економијата, а земјата доживеа антивладини протести во ноември при што имаше и убиени демонстранти.
Тензиите меѓу Соединетите држави и Иран се зголемија уште повеќе во јануари, по американскиот напад со беспилотни летала во близина на аеродромот во Багдад, во кој загина Касам Солејмани, моќен командант на иранската Револуционерна гарда.
Иран ги испрати на анализа црните кутии од украинскиот лет 752
Иран одговори со напад врз цивилен авион што неговите сили го сметаа за непријателски.
Авионот на летот за Киев беше погоден од два проектила и се урна веднаш по полетувањето од главниот аеродром во Техеран на 8 јануари, при што загинаа 176 луѓе.