Достапни линкови

ЕУ со поддршка и конкретна помош за Грција за справување со мигрантите


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен патува кон грчко-турската граница
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен патува кон грчко-турската граница

Високи претставници на ЕУ денеска заедно со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја посетија грчко-турската граница на која деновиве има зголемен број мигранти откако Анкара реши да ги пушти да одат кон земјите од западна Европа. Претставниците на ЕУ и дадода поддршка на Грција,а и ветија и помош.

Грчките безбедносни служби спречиле 24 000 илегални влегувања во земјата преку границата со Турција, а со тоа и ги бранат надворешни граници на Европската унија, рече денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

„Ова повеќе не е бегалски проблем. Ова е безобзирен обид на Турција да користи очајни луѓе за да ја промовира својата геополитичка агенда и да го сврти вниманието од ужасната ситуација во Сирија“, рече Мицотакис.

Тој заедно со високи претставници на Европската унија ја посетија грчката граница со Турција. Мицотакис рече дека Европа нема да дозволи да биде уценувана од Анкара за бегалското прашање.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и се заблагодари на Грција за одбраната мигрантите да ја поминат границата со Турција додавајќи дека земјата делувала како европски штит во последните денови.

„Тие кои се обидуваат да ја тестираат европската единственост ќе бидат разочарани“, рече фон дер Лајен од грчко-турската граница.

Таа најави помош за Грција наведувајќи дека ФРОНТЕКСТ е спремен да распореди дополнителни патролни бродови, два хелихоптера, еден авион, возила и сто граничари.

„Грција може да подигне и доплнителни 700 милиони евра финансиска помош“, рече фон дер Лајен.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, пак, побара од Турција да го почитува договорот со Европската унија од 2016 година во кој се согласува да го запре протокот на мигранти кон Европа во заемна за милијарди евра помош.

Мишел рече и дека е важно за Европа да ги штити нејзините граници. Тој заедно со Мицотакис, фон дер Лајен и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли беа на грчко-турската граница на која е зголемен притисокот од бегалците и мигрантите во последниве три дена.

До ова дојде откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ги отвориле вратите за илјадници бегалци и ја обвини ЕУ дека не и платила на земјата шест милијарди евра за сместување на четири милиони сириски бегалци, колку што требало според договорот од 2016 година.Европската комисија, пак, тврди дека ги исплатиле целосно парите на организациите за помош на бегалците, а не директно на турската влада.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG