Енергетскиот колапс се заканува да остави на улица од 7.000 до 9.000 работници во индустријата, вели Игор Ѓерасов, претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР). Големите компании, кои се на слободниот пазар на струја, учествуваат со 10 до 15 проценти во БДП.