Грчкиот парламент донесе закон со кој се воведуваат нови построги процедури за добивање азил. До ова дојде и покрај силното противење од меѓународните организации за човекови права.
Пентагон за прв пат објави снимки од нападот во Сирија во минатиот викенд, во кој загина лидерот на екстремистичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади. Исто така е потврдено дека тој, според американските воени прописи, бил погребан на море.
Британија по скоро еден век ќе одржи избори во декември. До ова доаѓа откако премиерот Борис Џонсон го доби одобрението од парламентот за предвремени избори со цел да се надмине ќор-сокакот околу Брегзитот.
Влатко Андоновски ја презеде една од најпосакуваните позиции во женскиот фудбал, кормилото на американската репрезентација. До ова доаѓа во пресрет на нејзината рекордна четврта титула во Светскиот куп.
Поголем број светски лидери ја поздравија американската акција во Сирија во која загина лидерот на екстремистичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади.
Во Москва договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската економска унија, предводена од Русија, а во Белград по едномесечен пат, пристигна првиот кинески товарен на новата директна шпедитерска линија меѓу Кина и Србија.
Се подигнаа очекувањата дека датумот за преговори ќе биде компензација за Преспанскиот договор, но реформите се клучни за започнување на преговорите, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Пратеник од партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше тестиран на детектор на лаги, откако Зеленски упати апел до пратениците да го сторат тоа поради обвиненијата за корупција.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск најави дека ќе препорача другите 27 земји членки на Европската унија да одобрат одложување на датумот на заминување на Британија од ЕУ.
Рускиот претседател Владимир Путин со восхит годинава во Белград прими привлечно кученце шарпланинец. Љубовта на Путин спрема големото бушаво куче го заживеа интересот за оваа стара раса.
Портпарол на главната курдска група во Сирија изјави дека курдските борци го напуштиле северниот град Рас ал Ајин и оти во него веќе немало нивно вооружено присуство. Во меѓувреме, турскиот претседател Ердиган повтори дека ако не биде испочитувано се што било договорено ќе ја продолжи офанзивата.
Освен за изборите, лидерите на парламентарните партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски застанаа зад ставот дека земјата нема алтернатива за евро-атлантските интеграции. Тие се договоирја дека треба да се исполни стратегиската цел - завршување на формалното пристапување во НАТО.
Вчитај повеќе