Последните високи сметки за електрична енергија непријатно ги изненадија граѓаните. Освен семејствата високите цени на струјата неминовно ќе имаат негативно влијание и врз бизнисот.
Поради големите долгови, кочанската болница од пред две години работи и како Центар за ампутација за источниот регион. Болницата сега е во стабилна финансиска состојба, а со помош на донации, оваа здравствена установа има пристојни услови за работа и претежно задоволни пациенти
Здравствените системи во светот мака мачат со недостиг на крв, бидејќи пандемијата на ковид-19 ја попречува нивната способност да собираат крв од дарители на работните места и на факултетите. Во Темата на неделата пренесуваме два примера.
Бугарско – македонските односи деновиве како да тргнаа по нагорна линија, по ударот врз македонските напори за влез во Европската унија откако Бугарија стави вето на стартот на пристапните разговори.
Mладитe луѓе масовно бегаат од земјите на Балканот во потрага по подобар живот, особено во Западна Европа. Некои истражувања покажуваат дека нема гаранција оти младите ќе останат дури и ако овие земји ѝ се приклучат на Унијата.
2021 година донесе многу пресврти кои уште долго време ќе имаат одек во светот. Пренесуваме дел од некои од настаните што ја одбележаа.
Растот на цената на енергенсите, мерките за спречување на ширењето на ковид-19 и зголемената инфлација ги намалуваат приходите на многу луѓе во светот. Како да се преживее со сѐ потенкиот домашен буџет?
Глетката на бездомници кои спијат во паркови и по улици е вообичаена во повеќето светски метрополи. Нивното и онака тешко секојдневие стана неподносливо, особено за време на пандемијата на коронавирусот.
Зголемените трошоци за струја и загриженоста за животната средина се главната причина зошто сѐ почесто се размислува на алтернативни извори на енергија. На сончевата енергија се гледа како на едно од решенијата, но тука постојат низа пречки.
Апели, ветувања, протести... и ништо повеќе. Како да го правиме токму она што не треба. Светот станува лошо место за живеење. Некои велат дека сѐ уште може нешто да направиме за спас на Планетава, но други се уверени дека е предоцна. Иднината на светот и младите.
Наскоро ќе станат две години како живееме со еден од најголемите, не само здравствени предизвици на човештвото. И покрај сите напори, научни и општествени, никако да се најде вистинскиот против коронавирусот. Дали е тоа поради неговата прилагодливост или пак поради нашето однесување?
Цените на струјата повторно растат. Има разни објаснувања зошто е така и секакви проценки на експертите како ќе се движат цените во догледна иднина. Во ова издание на Темата на неделата се осврнуваме врз оние кои најмногу се погодени од ценовните скокови на струјата.
Вчитај повеќе